ФОТО: Како изгледа фотогалеријата на цимерите од 1601
Една од најубавите приказни за македонскиот настап на европското првенство е приватната фотогалерија на Борко Ристовски со неговиот фото-полароид, кој веднаш по фотографирањето ги исфрла сликите. Имено цимерите од соба 1601 во хотелот „Скандик Реџина„ во Хернинг кои заедно собраа три часовници како играчи на натпреварот, меѓусебно се мотивираа цел турнир.
Европа има нов господар - семоќната Франција на Онеста
Данска - Франција 32:41 (16:23)
Во историско финале на 73 гола „галските петли" одиграа ретко виден натпревар, погодуваа од секоја можна позиција и ја вратија европската круна таму каде што најчесто беше во последните една деценија. Домаќинот, пак, играше во грч, прикажувајќи ја најлошата партија на шампионатот во кој до мечот за златото имаше седум победи во исто толку меча. На Данците не им помогна ниту поддршката од преку 14.000 навивачи во преполната „Јуске Банк Боксен" арената во Хернинг, ниту навивањето на кралското семејство, кое се најде на трибините.
Канељас прв стрелец, Лазаров четврт
Ракометарот на Хамбург, Јоан Канељас е најдобар стрелец на европското првенство. Тој за осум натпревари во дресот на шпанската репрезентација постигна 50 гола, со многу висок просек на реализација од 78%. Нашиот Кирил Лазаров иако одигра само пет натпревари котира на високото четврто место со 38 гола.
Бронзата патува за Шпанија
Шпанија - Хрватска 29:28 (16:13)
Светскиот првак Шпанија го освои бронзениот медал на европското првенство во Данска откако во битката за третото место славеше против Хрватска со 29:28 (16:13). Шпанците водеа во текот на целиот меч и го диктираа ритамот, обезбедувајќи предност уште во првите минути.
Карабатиќ МВП на Еуро 2014
Соиграчот на Кирил Лазаров од Барселона, французинот Никола Карабатиќ е прогласен за најкорисен играч (МВП) на 11 европско првенство во ракомет. Во идеалниот тим одбрани се следните ракометари:
Каква среќа ни носи ждрепката во Хернинг
Денес нешто после 13 часот ќе биде извршена ждрепката за баражот за пласманот на светското првенство во Катар во јануари 2015 година. Според пласманот на Европскиот шампионат во Данска, нашата селекција се наоѓа меѓу носителите каде се наоѓаат уште репрезентациите на Австрија, Белорусија, Унгарија, Исланд, Македонија, Полска, Русија, Шведска и Србија. Во вториот квалитативен сад се националните тимови кои не го минаа првиот круг во Данска: Норвешка, Чешка и Црна Гора.
КОЛУМНА: Како си ја самоубивме хемијата која ја создававме со години
Процесот за доближување на европското првенство требаше да почне веднаш откако ја победивме Португалија во Скопје и на 16 јуни 2013 во вечерните часови го славевме пласманот во Данска и го испраќавме Алушовски како што доликува. Или можеби уште претходно бидејќи списокот за Медитеранските игри во Мерсин беше познат неколку дена порано. Да, баш така. Тие Медитерански игри беа првиот филтер, првиот тест, првата поширока слика кој е блиску, а кој далеку од финалниот избор. Но така требаше да биде ако имавме план за што треба да ни послужат тие медитерански игри, која комбинација на ракометари треба да ја сочинува таа наша селекција. Можеби и на хартија добро изгледаше тој микс на репрезентативци со помала минутажа, Б репрезентативци и младински репрезентативци.
Егерт и Ландин ја одведоа Данска на „мегдан„ кај Франција
Данска - Хрватска 29:27 (13:15)
Како и во полуфиналето во Барселона на последниот мундијал пак Данска беше кобна за Хрватска и му наплаќа за катастрофата, која ги снајде ракометарите на Вилбек на олимписките игри во Лондон. Целото прво полувреме Хрватска го одигра непогрешливо и иако играше дури осум минути со човек помалку, наспроти само две минути суспензија на данците, целосно ги неутрализира момците на Вилбек, а ги разигра сите свои асови.
ВИДЕО: Стефановски: „Тактичка неспремност и грешка со натурализацијата„
Бившиот селектор на македонската ракометна репрезентација и стручен аналитичар за неколку домашни медиуми, за ТЕРА ТВ целосно го анализираше првенството и ситуацијата во нашиот табор. Тој пронајде и добри страни и вели дека целта е остварена со пласманот во втората фаза, но и говореше за се она што не беше направено во Данска:
Абало ја одведе Франција во финалето
Франција - Шпанија 30:27 (12:14)
Франција пак е во едно финале на големо натпреварување, по олимпиското злато во Сиднеј 2012 година. Во меч со многу пресврти, Лук Абало беше клучен човек во одлучувачката фаза на мечот против Шпанија, во чии што редови блескаше Канељас. Триколорите подобро го отворија мечот и по нешто преку 10 минути водеа со 7:2 со „челична„ одбрана и со два гола на Валентин Порте и успешно реализирани седмерци на Гигу и Жоли.