hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Со оваа победа да почнеме да го менуваме македонскиот менталитет

kire svajco

Селекторот Кире Лазаров е задоволен од победата на македонската репрезентација против Швајцарија, тој се надева дека овој триумф ќе биде важен за иднината на ракометот кај нас. Македонија успеа со триумф да го заврши настапот на Европското првенство, победа која е голема со оглед на тоа што ни носи и полесен пат кон Светското првенство за да го продолжиме континуитетот на учество во големите натпреварувања.

Повеќе...

Голема победа над Швајцарија, Македонија се избори за коректен пласман на ЕП

batak suise

Македонија - Швајцарија 29:27 (13:9)

Македонската ракометна репрезентација со победа од 29:27 над Швајцарија го заврши настапот на Европското првенство во Германија, триумф кој има особено значење за патот до Светското првенство.

Повеќе...

Лазаров: Швајцарија е фаворит, но ако поправиме некои сегменти можеме до победа

kire trening sw

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за последниот натпревар на Европското првенство. Противник на нашите ракометари ќе биде селекцијата на Швајцарија, која забележа одличен резултат играјќи нерешено со Франција во второто коло.

Повеќе...

Лазаров: Германија заслужи победа, со ваков пристап нашата мисија е невозможна

kire so germanija

Со поразот од Германија најдобрата македонска репрезентација е елиминирана од Европското ракометно првенство.

За избраниците на селекторот Кирил Лазаров останува да се одигра и последниот трет натпревар од групата A против Швајцарија која сигурно ќе има огромен натпреварувачки мотив после ремито со Франција.

Повеќе...

Германија демонстрираше моќ и целосно ја надигра Македонија

batakaa

Германија - Македонија 34:25 (18:13)

Ракометната репрезентација на Македонија во второто коло на Европското првенство го доживеа и вториот пораз. Вечерва загубивме од домашната селекција на Германија со 34:25. Македонија не успеа да парира ниту на вториот силен противник во нашата група, селекцијата на Германија. Момците на Кирил Лазаров не се издигнаа над своите можности и со вториот пораз и теоретски ги загубивме шансите за пласман понатаму.

Повеќе...

Лазаров: За успех мора да го промениме тоа нашето – македонското

kire germb

Репрезентацијата на Македонија го одработе првиот тренинг во Берлин, се аклиматизира и има време да се подготви за мечот со Германија в недела. По поразот од Французите в средата, постоеја одредени дебати и дилеми за нашата игра.

Селекторот Кирил Лазаров пред тренингот, во периодот посветен на јавноста и седмата сила детално анализира сегменти од мечот со „триколорите".

Повеќе...

Лазаров: Не заслуживме пораз од десет разлика, иако игравме против најсилниот ривал

kire so francija

Селекторот Кирил Лазаров на прес-конференцијата после мечот изјави дека е разочаран од резултатот, а задоволен од пристапот на неговиот тим. Моќната Франција извојува победа од 39-29, во натпревар кој на стадионот на Фортуна Дизелдорф го следеа преку 53.000 гледачи. По рекордниот натпревар на прес-конференцијата својот став го искажа селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.

Повеќе...

Македонија парираше во првиот дел, но пресилната Франција заслужено дојде до бодовите

zareger

Франција - Македонија 39:29 (17:13)

Македонската ракометна сениорска ракометна репрезентација денеска во својот прв натпревар од групата „А" на Европското првенство на фудбалскиот стадион во Диселдорф загуби од Франција со 39:29 (17:13).

Повеќе...

Шведски судии ќе го водат дуелот Македонија - Франција

kurtagic

Европската ракометна асоцијација (ЕХФ) официјално ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на првиот натпревар на македонската репрезентација, која во првото коло од Европското првенство ќе се сретне со фаворизираната Франција.

Повеќе...

Лазаров: Играме на големата сцена, не смееме да потфрлиме пред 50.000 луѓе

1704802295987

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров беше достапен за медиумите на денешниот брифинг. Тие го запрашаа за националниот тим и подготвеноста на Македонија за тешкиот предизвик против Франција.

Повеќе...