hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија парираше во првиот дел, но пресилната Франција заслужено дојде до бодовите

zareger

Франција - Македонија 39:29 (17:13)

Македонската ракометна сениорска ракометна репрезентација денеска во својот прв натпревар од групата „А" на Европското првенство на фудбалскиот стадион во Диселдорф загуби од Франција со 39:29 (17:13).

На овој меч беше остварен историски рекорд по број на посетеност на ракометен натпревар со вкупно над 53.000 илјади гледачи на трибините. Македонија предводена од селекторот Кирил Лазаров добро го почна мечот во „Меркур Шпил Арена", беше рамноправна во првите 15-20 минути против еден од фаворитите за освојување на медал.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Жарко Пешевски со седум гола, пред Иван Џонов со пет реализации. Кај Франција, прв стрелец беше Уго Дескат кој даде седум гола, шест во првото полувреме и беше прогласен за МВП на мечот, а Дилан Нахи имаше шест гола, додека Дика Мем погоди пет пати.

Германија в недела во Берлин е вториот противник на момците на Лазаров на шампионатот.

Share