Кире Лазаров е петти најдобар стрелец на европското првенство
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров првенството во Полска го заврши на петтото место на листата на стрелци со 42 постигнати гола. Вистинска штета што не можеше да игра уште два натпревари како останатите, инаку веројатно ќе беше прв стрелец, по вторпат по подвигот во Србија во 2012 година.
Македонија на Олимписки квалификации по поразот на Норвешка
По одигрувањето на првото полуфинале на Европското првенство во ракомет во Полска, македонската ракометна репрезентација оди на априлските квалификации за место на Олимпијадата во Рио. Германската победа над Норвешка со 34-33 широко ни ги отвори вратите кон сонот, а сега ние треба да го зграпчиме.
Нашиот капитен „крал на стрелците“ по главната групна фаза
Десниот бек на нашата репрезентација Кирил Лазаров е најдобар стрелец по главната фаза на Европското првенство во Полска. Пред мечевите за пласман, полуфиналните и финалните мечеви, Лазаров е на врвот на листата на стрелците со 42 постигнати гола, еден повеќе од Шпанецот Валеро Ривера. Белорусинот Барис Пуковски со 37 постигнати голови е трет.
Лазаров пак меѓу кандидатите за идеалниот тим на првенството
ЕХФ како и секогаш прави избор на најдобар играч на секоја позиција преку гласање на фановите на официјалната интернет страница на Европската ракометна федерација.
Лазаров: И да победевме, само ќе го замаскиравме нашиот лош турнир
Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров во изјавата по завршувањето на мечот се осврна на поразот од Белорусија и на севкупниот турнир, кој не ја задоволува неговата амбициозност и карактер:
Белорусија не спушти на земја: Македонија без победа и како 11-та се враќа дома
Македонија - Белорусија 29:30 (13:14)
Последниот шести натпревар на европското првенство Македонија го одигра во црвено-жолтата комбинација, а ни требаше третиот напад Немања Прибак да го постигне првиот гол.
Судии од Летонија за мечот со Белорусија во Краков
Летонските судии Зигмарс Столаровс и Ренарс Лицис се делегирани да ја делат правдата на мечот Македонија - Белорусија денес од 16.00 часот во „Краков арената".
Лазаров пак е прв стрелец на шампионатот во Полска
Со 11 гола вчера против Норвешка, Кире Лазаров се врати на чело на листата со стрелците со 32 гола, колку што има и Михаел Јурецки од Полска, кој во мечот со Белорусија, постигна 9 гола. Дејан Манасков со 28 гола е петти на листата на голгетерите на турнирот.
Лазаров: Како да сме за беља родени, но сепак сум горд на сите соиграчи!
Измешани чувства на задоволство, горчина и гордост сподели капитенот Кире Лазаров со нацијата по завршувањето на мечот со Норвешка и ремито 31:31 (17:13).
Реми со Норвешка со поглед кон Рио за македонската репрезентација!
Македонија - Норвешка 31:31 (17:13)
Против една од најбрзите репрезентации на првенството, Македонија започна со гол на младиот Филип Кузмановски, но првите две норвепки акции траеа само по 10 секунди и завршија со голови за 1:2. Но капитенот Лазаров постигна три гола и по 9 минути поведовме со 5-4.