ФОТО: Како изгледа фотогалеријата на цимерите од 1601
Една од најубавите приказни за македонскиот настап на европското првенство е приватната фотогалерија на Борко Ристовски со неговиот фото-полароид, кој веднаш по фотографирањето ги исфрла сликите. Имено цимерите од соба 1601 во хотелот „Скандик Реџина„ во Хернинг кои заедно собраа три часовници како играчи на натпреварот, меѓусебно се мотивираа цел турнир.
Имено Кире побара од Борко 15 одбрани против Австрија, а овој возврати со 19. Па Борко побара вечера за сите репрезентативци од Кире, бидејќи тој го исполнил неговото барање. И така цел турнир. Двајцата наши репрезентативци кои имаат одличен однос, добри се пријатели и надвор од теренот, а таму пронајдоа оргинален начин како да се подржуваат и инспирираат пред мечевите на европското првенство. Кире дури и му порача на Борко дека колегите ќе му најдат дуќан во Скопје, за часовниците кои ги собира. Борко по враќањето во Германија ја среди својата галерија во која често открива како го минуваа времето во собата 1601 и нашиот репрезентативен голман ја финализира својата забавна идеа. Еве како изгледа финалниот производ. Само да продолжи таквиот дух меѓу нив и по можност да се прошири низ целата репрезентација, без разлика каде и со кого играме.