Соиграчот на Кирил Лазаров од Барселона, французинот Никола Карабатиќ е прогласен за најкорисен играч (МВП) на 11 европско првенство во ракомет. Во идеалниот тим одбрани се следните ракометари:
Голман: Никлас Ландин (Данска)
Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Исланд)
Лев бек: Микел Хансен (Данска)
Среден бек: Домагој Дувњак (Хрватска)
Кружен напаѓач: Јулен Агинагалде (Шпанија)
Десен бек: Кристоф Лијевски (Полска)
Десно крило: Лук Абало (Франција)
Најдобар дефанзивец: Тобијас Карлсон (Шведска)