Билал Шуман - нераскинливо поврзан со Македонија
Повозрасните љубители на ракометот сигурно се сеќаваат на брзоногото крило од Сараево, Билал Сарач, кој дел од кариерата во доцните осумдесетти ги помина во дресот на битолски Пелистер. 45 годишниот Шуман сега работи како асистент тренер во данскиот гигант Колдинг, кој игра и во Лигата на шампионите. И додека работи од пред некој ден во нормален тренажен процес со Каспер Хвидт, Јоаким Болдсен, Ларс Јакобсен, Ким Андерсон (во овој момент повреден), Шуман има своја скаутинг програма која ја користат шест репрезентации на европското првенство, меѓу нив и македонската репрезентација.
Лазаров на врвот и по пет натпревари
Зад нас се 36 натпревари и преостануваат само уште 9 до крајот на европското првенство. По пет одиграни средби на сите репрезентација кои продолжија во втората фаза, капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров сеуште е во водство на врвот на листата на стрелци.
Фуриозната Полска ги декласира швеѓаните
Полска - Шведска 35:25 (15:12)
На сосема неочекуван начин со доминантно второ полувреме, Полска ја декласира Шведска и ја исклучи од борбата за полуфиналето. Никој не предвидуваше такво сценарио откако во првото полувреме, жолто-сините подобро го отворија натпреварот. Со добра игра во одбрана и лесни голови на Калман и Јохан Јакобсон, момците на Штафан Олсон поведоа со 5:1 до тајм-аутот на Михаел Биглер.
Летонци за мечот со Шпанија
Во првиот утрешен термин мечот во Хернинг меѓу Македонија и Шпанија ќе го судат летонските судии Столаровс и Лицис. Тие за прв пат му судат на нашиот национален тим на официјален натпревар. Делегат на ЕХФ е Апронен од Финска, а контролор Зајна од Полска.
Франција и Хрватска како на тренинг
Олимпискиот првак Франција со денешната победа остварена во Архус против Белорусија е многу блиску до полуфиналето на Европското првенство. Францускиот тим славеше триумф над Белорусија со 39:30, додека во првиот натпревар од втората четвртфинална група, Хрватска ја победи Русија со 33:25.
Со Шпанија, три меча и три порази
Историјата не ни нудела можност често да се среќаваме со Шпанија, главно заради фактот, што тоа е репрезентација која не игра многу често квалификации, а на големите приредби вообичаено стигнува подалеку од нашиот национален тим. Единствено во Србија на последното европско првенство, нашиот пласман беше близок со оној на „црвената фурија„ Тогаш ние бевме петти, а Шпанија на Ривера четврта. Три пати во историјата сме играле меѓу себе, со исто толку победи на шпанската репрезентација.
Никола Марковски на местото на Ангеловски
Селекторот Ивица Обрван ја најави замената во протоколот за утрешниот меч. По одлуката да не го пријави Бранко Ангеловски, извесно е беше дека Македонија ќе пријави три кружни напаѓачи и дека Никола Марковски ќе биде по втор пат во ростерот, овој пат за мечот со Шпанија.
Лазаров не тренираше, Миркуловски и Јоноски со половина „гас„
Последниот тренинг кој е подготовка за мечот со Шпанија утре во 16 часот не носи пријатни вести за нашата репрезентација. Кирил Лазаров против Исланд играше со таблети против болка по повредата на десната препона која го мачи веќе 3-4 дена. Имено капитенот го пропушти тренингот пред мечот со Исланд, но „стегна заби„ и одигра одличен натпревар.
Обрван нема да го повикува Ангеловски додека е тој селектор
Првата реакција по вчерашната изјава на Бранко Ангеловски дојде пред денешниот тренинг на кој битолчанецот редовно тренираше, но не беше дел од тактичката подготовка за мечот со Шпанија. Причината ја обелодени селекторот Ивица Обрван:
ВИДЕО: Каденас: „Пасијата на мак-ракометот ја запознав во 2009 година„
Од пред неколку месеци Маноло Каденас е селектор на светскиот првак Шпанија, откако по истекот на договорот Валеро Ривера замина за Катар. Актуелниот тренер на полската екипа Висла Плок, напоредно ја извршува и селекторската функција, а ова е прв голем турнир за него. Тој не запозна со ставовите за нашиот ракометен тими, како и за репрезентацијата која ја има во свои раце: