hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Јоноски: „Да бевме здрави, можевме повеќе„

aco

Столбот на нашата одбрана Ацо Јоноски ги одигра сите шест меча во Хернинг иако повредата на тетивата му создаваше проблеми и на последните два меча не беше максимално подготвен. Токму здравјето и повредите тој ги смета за главна причина зошто оваа генерација не направи и нешто подобар пласман:

„Ова европско првенство се надевам дека на младите играчи како Гоце Георгиевски и Дејан Манасков и уште неколкумина им донесе едно големо искуство. Од друга страна, првиот круг го видов многу позитивно, пренесовме два бода, иако никој на тоа не се надеваше. Во вториот круг се виде дека Унгарија не ни лежи, иако денес со Австрија видовме дека без Путич не е таа вистинска Унгарија. Наредниот меч против Исланд го отворивме со 4:0, на крајот загубивме, бевме блиску, но малку со поголема среќа и со здрави играчи мислам дека можеше да се направи и подобар резултат„ рече Јоноски, кој на неколку натпревари настапи и повреден, но на големите приредби за Македонија мора да се стегне заби и да се игра за националните бои, а Јоноски никогаш не бегал од одговорност и лавовскиот дел во одбраната главно го понесуваат тој и Велко Маркоски.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share