hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Егерт и Ландин ја одведоа Данска на „мегдан„ кај Франција

Anders Eggert

Данска - Хрватска 29:27 (13:15)

Како и во полуфиналето во Барселона на последниот мундијал пак Данска беше кобна за Хрватска и му наплаќа за катастрофата, која ги снајде ракометарите на Вилбек на олимписките игри во Лондон. Целото прво полувреме Хрватска го одигра непогрешливо и иако играше дури осум минути со човек помалку, наспроти само две минути суспензија на данците, целосно ги неутрализира момците на Вилбек, а ги разигра сите свои асови.

Дувњак и Копљар одлично го започнаа мечот и постојано „коцкестите„ имаа 1-2 гола предност. Начинот на кој Голужа ја подготви одбраната врз Хансен, ветуваше. Кога Дувњак изнуди исклучување и погоди со звукот на сирената за +2, пораснаа апетите на олимпискиот вицешампион. Но на почетокот на второто полувреме, дури и со два ракометари повеќе, Хрватска не успеа да ја зголеми предноста, па дури и ја загуби. Егерт фрустрирачки делуваше врз Мирко Алиловиќ, а како и на целиот турнир Никлас Ландин ги распоредуваше своите одлучувачки интервенции за клучната фаза. Данска со голот на Могенсен поведе со 26:24 и од тој момент не ја испушти предноста.

Се разиграа Сондергард и Нодесбо и за прв пат данска поведе со +3. Последната надеж за „коцкестите„ беа головите на Хорват и Дувњак за 22:22 во 49 минута. Дамир Бичаниќ се повреди по грубиот старт на Егерт и алтернативите на Голужа му понедостигаа. Могенсен и Свен Хансен ги постигнаа головите за одлепување и при 26:23, момците на Вилбек имаа меч топка. На крајот Хансен се изнапромаши и Венио Лозерт му понуди шанса на Хрватска за кам-бек. Но Ландин му одбрани два зицери на Штрлек и на 100 секунди до крајот Дувњак загуби една топка на 28:26 и теоријата им избега од раце на хрватите. Во победничката репрезентација Егерт постигна 8, Тофт Хансен автор на 4 гола, а Ландин со 15 интервенции пак блескаше. Марко Копљар и крилото Хорват со по 6 гола најпозитивни кај Хрватска. Данска обезбеди финале без ниту еден пораз и в недела ќе излезе на мегдан против Франција со која ги поделија сите злата од последните четири европски првенства.

Share