Ракометарот на Хамбург, Јоан Канељас е најдобар стрелец на европското првенство. Тој за осум натпревари во дресот на шпанската репрезентација постигна 50 гола, со многу висок просек на реализација од 78%. Нашиот Кирил Лазаров иако одигра само пет натпревари котира на високото четврто место со 38 гола.
Листа на стрелци:
1. Јоан Канељас (Шпанија) 50
2. Гудјон Валур Сигурдсон (Исланд) 44
3. Микел Хансен (Данска) 39
4. Кирил Лазаров (Македонија) 38
5. Домагој Дувњак (Хрватска) 36