ВИДЕО: Угалде: „Не респектираат, затоа и се доближивме, но важен е само резултатот„
Извесно беше дека кога играат Франција и Шпанија преку средината на одбраната скоро и да е невозможно да се мине. Затоа крилата имаа малку повеќе простор дас реализираат преку позиционен напад или преку транзиција. Одличен натпревар одигра ракометарот на Веспрем, Угалде, кој со пет гола беше најефикасен на средбата во поразениот табор. По мечот не му беше лесно да ги пронајде причините за пораз:
Полското ЕУРО ќе биде најспектакуларно до сега
На 11 и пол месеци до почетокот на наредното машко европско првенство, Полска одржа презентација на која потврди дека уште сега е подготвена за како што велат најспектакуларното европско првенство. По организацијата на фудбалското европско првенство заедно со Украина во 2012 година и светското првенство во одбојка оваа година, полјаците покажаа сериозност и околу наредниот голем ракометен самит по мундијалот во Катар. На 391 ден до стартот на шампионатот, Полска ги одреди градовите каде ќе се игра шампионатот. Гдањск, Катовице, Вроцлав и Краков со нови арени ќе му се претстават на ракометниот свет. Во сите четири града ќе се игра првата групна фаза, а во вторите групни натпревари домаќините ќе бидат Вроцлав и Краков.
ФОТО: Шпанците „пролеаа крв„ пред францускиот зид
Симболично, но сепак точно, дуелот на Шпанија и Франција синоќа беше судир на титани, какви што немаше претходно во 18 дена од турнирот. Посебно во вториот дел можеше да се забележи колку е тешко да се освои просторот, да се најде „дупка„ во противничката одбрана, да се постигне гол.
Никола Карабатиќ „прескокна„ 1000 репрезентативни гола
Соиграчот на Кирил Лазаров од Барселона и еден од најдобрите ракометари во новиот милениум, Никола Карабатиќ со головите во полуфиналето стана третиот француски репрезентативец кој ја мина границата од 1000 гола. Тој сега е на третото место на листата на стрелците во репрезентацијата на „галските петли„ зад Жером Фернандез со 1455 гола и Фредерик Вол со 1016 постигнати гола.
Финалето без Капоте и Гребиј
Во финишот на првото полувреме, младиот француски репрезентативец Матје Гребиј незгодно падна и го повреди рамото, па до крајот на полуфиналето против Шпанија не влезе во игра. Констатирано е дека се работи за изместување и сигурно нема да игра на мечот в недела против Катар. Неговото отсуство од ракометните терени се предивидува да биде 3-4 недели.
Ривера: „Планот беше +3 на полувреме, овие момци ги исполнуват плановите„
Можеби катараните ќе го величаат Шариќ или Капоте, Марковиќ и Борха Видал, но сите кои малку подлабоко ќе го анализираат шампионатот и патот на домашната селекција преку Австрија, Германија и Полска до финалето, знаат кому му се препишуваат најголемите заслуги. Валеро Ривера извлече максимум од своите момци и на прес-конференцијата по мечот откри дека планот беше на полувреме да се има +3 или +4 што и се случи:
Селекторот Биглер горд на своите ракометари
Кога ќе го отворите мечот со осум реализирани напади против една од најдобрите одбрани на овој шампионатот, мечот ви изгледа како предодреден за успех. Но работите не одеа најдобро по Полска во втората половина од првиот дел и наместо да го зацементираат водството до одморот, тие му подадоа рака на катараните да се вратат. Селекторот Михаел Биглер сепак нема ни збор што да им приговори на своите ракометари:
ВИДЕО: Агинагалде: „Физички се носевме, но пак загубивме„
Дуел гради в гради, одамна така добро никој не му понудил на француските ракометни џинови како вечерва Шпанија. Гвардиола, Виран Морос, Агинагалде, Канељас - сите колоси на шпанскиот тим, оние кои изледоа најмногу „ќотек„ беа и најтажни по мечот. Баскиецот Јулен Агинагалде кој е неверојатно зборлест и духовит деновиве, остана без зборови по поразот:
ВИДЕО: Чема Родригез: „Не можам ништо да обвинувам без видео снимките„
Еден од оние шпански ракометари на кого поразот тешко им падна е Чема Родригез, кој не успеа да го пробие Францускиот „зид„. По мечот не сакаше да влегува во полемики иако по изразот на лицето не му се допадна арбитражата на словенечките судии:
Каденас: „Мечот го реши еден од најдобрите голмани во историјата„
Можеби шпанците ќе мораат да го скенираат судењето на словенечките судии, но селекторот Маноло Каденас не ги ни спомна делителите на правдата на официјалната прес-конференција. Им ја стекна раката на Онеста и Омејер и ги наполни со комплименти, кои меѓу другото и тоа како се основани: