ВИДЕО: Динар: „Ако добро го подготвиме финалето, ќе биде како што треба„
Во очекување на финалето на 24 светско првенство, јавноста нема дилеми околу тоа како стојат работите пред последниот натпревар. Многу посилни ривали од денешниот Катар не успеале да го „турнат„ митот за Франција, но секој меч е посебна приказна и никој не знае како ќе се одвива ова финале. Дидие Динар верува дека ако Франција добро го подготви мечот, ќе ја оправда фаворитската улога:
Гајиќ најстрелец, Хансен најдодавач, Марковиќ МВП
Со денешните два натпревари скоро и да е извесно дека Драган Гајиќ ќе биде најдобар стрелец, Микел Хансен најдобар асистент, а Жарко Марковиќ, најкорисен ракометар на 24 светско ракометно првенство. Преостануваат уште два натпревари по кои ќе добиеме математичка потврда за извесниот епилог во сите три категории.
Хансен и Кристијансен на Данска му го донесоа петтото место
Не е секогаш лесно да се пронајдат мотиви во меч во кој само престижот е во игра. Но сепак на светско првенство нема неважни мечеви, па така Данска и Хрватска бараа позитивен меч за крај на својот шампионат. Данска помотивирано го одигра почетниот дел од мечот и тоа влијаеше на целиот тек на мечот. Мортенсен и Хансен отворија со лесни голови и користење на противничките грешки.
IHF ја казни полската федерација и нивниот доктор
Ракометната репрезентација на Полска заработи драконска казна од страна на IHF поради навредите и клеветите кои поразените полјаци ги кажаа по полуфиналниот натпревар со Катар на мундијалот во Доха. Изречена е парична казна, а најлошо мина докторот на репрезентацијата Рафал Марковски, кој заработи суспензија од шест месеци заради „долгиот јазик„ по завршувањето на мечот.
ФОТО: Достоинственото селфи на „црвената фурија„
Ова светско првенство ќе остане запаметено и по серијата на необични селфи на шпанските репрезентативци по завршувањето на натпреварите. Минаа првите седум меча и седумте победи нудеа најразлични видови на фотографии од соблекувалната на актуелниот светски првак.
ВИДЕО: Канељас: „Моравме да бидеме подобри во првиот дел„
На ова светско првенство Јоан Канељас им донесе огромна радост на шпанците по победата против Данска во четвртфиналето, но не можеше ништо да стори против моќниот европски првак. Како и многумина и тој потврди дека незамисливо беше да се примат 18 гола во првото полувреме против ривал како Франција:
Генсхајмер на Германија му подари олимписки квалификации
Словенците подобро го почнаа мечот и благодарение на Јуре Натек кој постигна пет гола во првиот дел, поведоа со 4:7. Но Сигурдсон побара тајм-аут, Хајденветер влезе во посакуван ритам и германците се вратија во мечот. Генсхајмер погоди пет пати, неговите соиграчи дојдоа до 8:8, а потоа и ритамот и психолошкиот момент беше на нивна страна.
Франција го пријави Онрубија на местото на Гребиј
Повредата во првото полувреме на мечот со Шпанија, го оневозможи младиот талентиран лев бек на Монпеље, Метју Гребиј да го игра своето прво финале на светско првенство. Затоа Онеста денес на пладне ја изврши очекуваната замена, па на местото на Гребиј го сврсти крилото Онрубија, кој исто така е повреден и мали се шансите да се опорави на време и да заигра во финалниот меч.
ВИДЕО: Сорондо: „Со медал в џеб, против Катар ќе биде полесно„
И во одбрана и во напад и Лука Карабатиќ и Седрик Сорондо, двата кружни напаѓачи на француската репрезентација завршија лавовски дел од работата. Сорондо тврди дека финалниот меч ќе биде уште полесен за нив, не заради името на противникот, туку заради растеретувањето дека имаат освоено медал и сега ќе тргнат по златото, кое реално е единственото нешто кое ги задоволува:
ВИДЕО: Бараше: „Бевме обединети и затоа успеавме„
Само 16 гола во второто полувреме, наспроти двојно повеќе 32 во првиот дел, јасно покажуваат како се играше кога посреди е финале на светско првенство. Одбраната, Омејер и сплотеноста на францускиот тим во одбраната се факторите кои ги издвои Ксавиер Бераше по победата од 26:22 против Шпанија. Младиот десен бек на „галските петли„ по втор пат ќе игра финале на светско првенство и многу веројатно како стартер: