ВИДЕО: Гонзало: „Поинаков сум од Штербик, утре играат „џинови„ за финале„
По бронзата на последното европско првенство во Данска, шпанската репрезентација утврди дека без Штербик нивните голмани не се така одлучувачки како пред две години, кога Штербик беше главниот фактор за втората светска титула на шпанскиот национален тим. Гонзалл Де ла Варгас Перез и во клубот и во репрезентацијата покажува дека со поинаков стил на бранење може да се замени легендарниот голман на Вардар:
ВИДЕО: Рокас: „Ние сме група на другари, селфито е изум на Агинагалде„
Серијата победи на репрезентацијата на Шпанија се заканува да го собори рекордот на Франција, која во Хрватска и Шведска на шампионатите во 2009 и 2011 година нанижа серија на континуирани победи. По девет триумфи во Шпанија пред две години, сега „црвената фурија„ има седум победи од исто толку натпревари. Алберт Рокас смета дека не се најдобри, но можат да ги победат и најдобрите:
ВИДЕО: А. Душебаев: „За мене Арпад е најдобар, но Гонзало овој пат се докажа„
Иако не настапи на мечот со Данска, ракометарот на Вардар, Алекс Душебаев е значаен дел од ростерот на Каденас прд одлучувачките натпревари. А сега доаѓа оној најтешкиот, најкомплицираниот, против Франција. Како да се победи скоро непобедливиот тим на Онеста, тим кого само еднаш во последната деценија загубил од шпанскиот состав. Душебаев верува и во младиот голман, Гонзало кој одлично го заменува Штербик:
ВИДЕО: Марковиќ: „Ривера знае што прави, тој е најдобар во светот„
Иако селекторот не би издвоил никого од своите, бившиот ракометар на Металург, Жарко Марковиќ има немерливи заслуги за прогресот за време на турнирот и пласманот во полуфиналето. Неговите голови во клучните моменти и против Австрија и против Германија, му дадоа „крилја„ на својот тим и со тоа беше полесно да се победува. Марковиќ го велича и големиот тренер Ривера, која уште еднаш потврди дека знае да избере вистински момент кога да предводи еден клуб и една селекција:
ВИДЕО: Биглер: „Ривера внесе многу нови работи во оваа катарска селекција„
Кога со Богдан Вента во 2007 година освоија сребро на светското првенство во Германија, се чинеше дека полјаците ќе отворат победоносен циклус во годините кои следат. Истото сега може да се каже со оваа Полска, водена од германскиот тренер Михаел Биглер. Најверојатно нема да може да смета на Лијевски заради повреда, но на мечот со Катар, бело-црвените пак ќе го имаат цврстиот дефанзивен блок, сочинуван од двометрашите и голманот Славомир Шмал:
ВИДЕО: Јуркиевич: „Со одбрана ги надополнуваме офанзивните лимити„
Малкумина очекуваа ваков рецепт на полската репрезентација за да се стигне до полуфиналето. Цврста одбрана, максимално користење на брзите крила и долгата клупа. Голема врлина на момците на Биглер е што ги познаваат своите врлини и маани и работат на таа основа за да се подобрат:
ВИДЕО: Карачиќ: „Промашените зицери ни ја однесоа победата„
Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ е еден од трагичарите и неговиот нереализиран зицер на крајот од мечот ја однесе надежта дека репрезентацијата на Голужа пак ќе влезе во големата четворка. За прв пат откако бившиот капитен дојде за селектор, Хрватска не влезе во голема четворка, а според Карачиќ причина за тоа се нереализираните зицери во текот на целиот меч, посебно кога се „кршеше„ резултатот:
ВИДЕО: Дувњак: „Тажни сме, второто полувреме не беше задоволително„
Денес хрватските медиуми „фрлаат дрва и камења„ по селекторот Голужа и нивните „каубои„. Брзо се забораваат медалите и успесите од претходните големи приредби, но настапот во Доха не може да ги задоволи љубителите на ракометот. Тагата и горчина ја отслика и ракометарот на Кил, Домагој Дувњак:
Кој е магионичарот на катарската клупа?
Најтрофејниот ракометен тренер на сите времиња, Валеро Ривера пишува историја на клупата на Катар. Човекот роден во Сарагоза пред 61 година, најнапред го покори клубскиот, а сега доминира со репрезентативниот ракомет. Ривера го водеше „дрим тимот„ на Барселона и освои 6 европски титули, 5 титули на Купот на Купови, 1 Куп на ЕХФ, 5 Суперкупа на Европа, 12 АSOBAL лиги, 10 Купа на Кралот, 11 ASOBAL Суперкупа, 5 ASOBAL Купа, 13 Купа на Каталонија и 7 лиги на пиринеите, 1 злато и 1 бронза со Шпанија на светските првенства.
ФОТО: Продолжуваат оргиналните прослави на шпанците
Спонтано или однапред подготвено? Светските ракометни прваци, репрезентативците на Шпанија од натпревар во натпревар победуваат и измислуваат начин на прослава на триумфот. Потоа фотографиите од соблекувалната преку социјалните мрежи и медиумите стигнуваат во јавноста и го обиколуваат светот.