Омејер: „Очекувавме баш ваков меч, Шпанија беше одлична„
Мајсторот за големи натпревари не ги менува навиките. Тити Омејер може да брани колку што е можно полагодно, подеконцентрирано, може да нема континуитет во клубскиот ракомет, но кога ќе го облече плавиот дрес, се преобразува. Сигурно му е полесно со одбрана од браќата Карабатиќ, Сорондо и остриот поглед на Динар од клупата, но ниту еден друг голман во историјата нема такво влијание во својата репрезентација и околу титулите како Омејер. Се обиде да биде скромен и се штедеше на зборови на прес-конференцијата:
„Беше многу тежок меч за нас, баш како што очекувавме. Моравме како и многу често да го решаваме во последните неколку минути. Многу сме среќни што победивме против една многу силна репрезентација, која одигра многу добар турнир„ рече на средбата со „седмата сила„ во прес-конференциската сала, Тјери Омејер. Неговото име го скандираа француските фанови кои беа помногубројни од шпанските на трибините. А неговото име се скандираше и во Загреб во 2009 и во Малме во 2011 година, а тогаш Франција спроти себе ги имаше домашните навивачи, но победи и како гостин и ги освои третата и четвртата светска титула.