Гајиќ е крал на стрелците на 24 мундијал во Доха
За прв пат во историјата еден словенечки ракометар е најдобар стрелец на едно светско првенство. Ракометарот на Монпеље од самиот старт го запоседна првото место на листата на стрелците и по 13 гола во првиот меч се наметна за најдобар голгетер. Во две награди кои заминаа за Данска, сега Гајиќ го добива признанието. Сепак е многу далеку од рекордот на шампионатите, кој го држи Кирил Лазаров од светското првенство во Хрватска 2009 година, со 92 постигнати гола.
„Петлите„ го урнаа жилавиот Катар за петтата светска круна
Во зовриена атмосфера во „Лусаил арената„ 15.000 гледачи очекуваа и видоа големо финале. Онеста и Динар подготвија изненадување и Алекс Ниокас го почна мечот и погоди два пати во првите 10 минути. Грубата игра на домашната селекција не остана неказнета и Мабрук дури два пати беше исклучен во првите 10 минути. Семоќниот Никола Карабатиќ диригираше со одбраната, изеде многу ќотек, но постигна и 5 гола. Кога Франција се одлепи на 4:8, Валеро Ривера побара тајм-аут. Полека го подигаа своето ниво катарските шутери.
Франција и Македонија ќе играат во Тулуз
Наредните официјални термини за националните репрезентации ќе бидат 3 и 4 квалификационото коло од квалификациите за европското првенство во Полска 2016 година. Најнапред на 29 или 30 април во Скопје, Македонија ја пречекува Франција, а потоа на 2 или 3 мај гостува во Тулуз.
Полска со победа по продолжение стигна до бронзата
Не беше лесно да се пронајдат мотиви во мечот за бронзениот медал само два дена по поразите на Полска и Шпанија во мечевите од полуфиналето. Момците на Биглер заради цврстата одбрана подобро го отворија мечот и преку кружниот напаѓач Сипрзак поведоа со 3:0. Каденас веднаш побара тајм-аут и се обиде да ја „размрда„ екипата. Дури во осмата минута „црвената фурија„ го постигна првиот гол преку Рокас.
Кој ќе биде прогласен за МВП на мундијалот во Доха?
Во очекување на прогласувањето на МВП на светското првенство, не се гледа јасен фаворит за освојување на ласкавото признание. Иако критериумот на организаторите често е да се гледа целиот турнир и во минатото биле избирани најдобри играчи и кои не играле во финалето. Овој пат се чини изборот е сведен на голманите Шариќ и Омејер и на Марковиќ и Карабатиќ. Еве ги претходно избраните најдобри ракометари на мундијалите:
ВИДЕО: Мркоња: „Знам што ќе значеше за Македонија пласман во четвртфиналето„
Во улога на експерти на ова светско првенство се јавуваат голем број авторитетни имиња, легенди на светскиот ракомет, луѓе кои контиунирано и пасионирано го следат ракометот. Имавме можност од блиску светското првенство да го следиме заедно со бившата југословенска легенда, Јасмин Мркоња, кој беше во босанскиот новинарски тим на ова првенство. Тој говореше за македонскиот настап во Доха и импресиите за Лазаров и другарите:
Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години
Веќе се пишуваат книги и се снимаат филмови за митот на француската ракометна репрезентација. Посебно поглавје треба да се издвои за тоа како француските ракометари ги играат големите натпревари. Девет финалиња по ред „триколорите„ победуваат на европски, светски или олимписки натпреварувања. Треба длабоко да се вратиме во историјата да ја пронајдеме последната финална средба во која тие загубиле.
Чешки судии за финалето попладнево
На неколку часа до завршните два натпревари на светското првенство, IHF ги одреди делителите на правдата и официјаните лица за мечевите за златото и бронзата. За жал македонските судии Николов и Начевски нема да судат во денешната програма, а Драган Начевски е официјално лице на финалето. Чешките судии Јиржи Новотни и Вацлав Хорачек ќе ја делат правдата на мечот Катар - Франција, каде влогот е златото.
Биглер го смени голманот пред малото финале
Во пресрет на малото финале и мечот со Шпанија, селекторот на Полска, германецот Михаел Биглер се одлучи да направи последна замена во својот ростер. Во потрага по медал, домаќинот на наредното европско првенство ќе тргне со Марсин Вихари на местото на Пјотр Масловски.
ВИДЕО: Онеста: „Катар не е виновен, правилата се на IHF, ако одбраната биде во ред, добиваме„
По вчерашните два тренинзи, Франција делува спремно за денешното мундијалско финале кое може да ја смени историјата на модерниот ракомет. Ако стане светски првак Франција ќе ги мине Романија и Шведска на вечната листа и со пет титули ќе биде суверен владетел на светскиот ракомет на влезот од 20 во 21 милениум. Главниот архитект на француското „чудо„ Клод Онеста не му замери на Катар што создаде репрезентација од разни националности, но најави дека тоа искуството од вакви натпревари може да биде одлучувачки фактор: