Реми како победа за Унгарија против Норвешка
Голема драматика во двата натпревари од третото коло во Б групата во Алборг. Најнапред Шпанија покажа зошто е светски првак и кога се „кршеше„ резултатот направи серија за победа против многу моќниот Исланд. Нема дилеми дека Каденас ја пронаоѓа вистинската димензија на оваа десеткована Шпанија. Посебно силно делуваше десната страна на „црвената фурија„ каде Македа со 7 и Томас со 5 гола беа клуч на успехот.
Унгарија прв наш противник во втората групна фаза
По ремито на Унгарија и Норвешка (26:26) познати се сите наши противници во втората фаза која пак ќе ја играме во Хернинг и сите наши противници се репрезентации со кои сме играле до сега. Унгарија е првиот наш противник, па следува Исланд и за крај светскиот првак Шпанија. Со сите три репрезентации никогаш не сме славеле на неутрален терен, а Исланд и Унгарија сме ги совладале во нашата земја.
Благодариме Данска, во втората фаза пренесуваме два бода
Со големо нетрпение го очекувавме расплетот на мечот Данска - Чешка со кој што заврши групната фаза во Хернинг. Победата на данската репрезентација ни беше добредојдена, бидејќи пренесуваме два бода во наредната фаза (33:29). Мечот беше дуел на титаните, Хансен против Јиха и инвидуалните квалитети на овие два ракометари во многу нешта го одредоа текот на мечот.
Миркуловски: „Пред срцето паѓаат многу ривали„
Кога најмногу требаше Филип Миркуловски ја превзеде одговорноста и во клучната фаза погодуваше, изнудуваше исклучувања и седмерци. Така и треба да се игра за националната репрезентација, а ракометарот на Металург само ни потврди дека кога оваа репрезентација игра со срце можат да паднат и на хартија поквалитетни репрезенентации:
ФОТО: Напред Данска, па потоа одмор
Иако по стресниот натпревар со Австрија некој би побрзал да се одмори и ментално и физички, нашите ракометари добро знаат колку значаен за иднината на нашето европско првенство е мечот на Данска со Чешка. Затоа голем дел од ракометарите, Никола и Велко Марковски, Стоилов, Миркуловски, Златко Мојсоски и директорот на репрезентацијата Стевче Алушовски останаа во „Јуске Банк Боксен„ арената да навиваат за Данска, како би пренеле два а не само еден бод, како што би било ако Чешка забележи победа.
ВИДЕО: Мукаетов: „Секоја чест за ракометарите„
Многу емоции, задоволство и андреналин ги држеше нашите ракометари, навивачи, па и првите луѓе на федерацијата. Така и претседателот Живко Муакетов со серија на комплименти на адреса на ракометарите ни се обрати:
Израмнет вториот најдобар резултат на европските првенства
Победата против Австрија од 22:21 е петтата наша победа на европските првенства и со тоа најмалку е израмнет вториот најдобар резултат, 12 место од европското првенство во Италија 1998 година. Нема дилеми дека секој шампионат има своја тежина и секој резултат своја вредност, но веќе е остварена почетната цел во Данска.
Кире и Борко ни ја донесоа втората фаза
Европско првенство - А група (3 коло)
Македонија - Австрија 22:21 (12:10)
Со Никола Марковски во официјалниот протокот на местото на повредениот Стојчески, Македонија со ведрина го дочека соочувањето со Австрија на исландскиот селектор Патрекур Јоханесон. Нашиот голман Борко Ристовски одлично го отвори мечот, со две интервенции на австриските ракометари. Уште во третата минута австријците отидоа два пати прегрубо и заработија две исклучувања за Колар и Вагесрајтер.
Фелсер место Еделмилер кај австријците
Ако во нашиот табор принудна беше замената на Никола Марковски на местото на повредениот Никола Стојчески, австријците исто така менуваат, но веројатно од тактички карактер.
Hummel: „Да се има звезда како Лазаров во нашиот тим е фантастично„
Големиот ракометен бренд Hummel не пропушта ни најмал детал од европското првенство кое е во срцето на нивниот најсилен пазар. Дирекцијата во Архус со внимание го следи секој меч, посебно мечевите на нивните „модели„. Лазаров, Хансен и Нарцис се најголеми звезди кои ја носат опремата на Hummel, а на овој турнир играат со ново проектираните жолти патики. Маркетинг директорот Кристине Норден со задоволство говореше за проектот на Hummel и значењето на нашата ракометна звезда Кирил Лазаров за нивната компанија: