Ако во нашиот табор принудна беше замената на Никола Марковски на местото на повредениот Никола Стојчески, австријците исто така менуваат, но веројатно од тактички карактер.
На позицијата кружен напаѓач одпаѓа 22 годишниот Кристоф Еделмилер, а на негово место во официјалниот протокол ќе влезе Патрик Фелсер. Овој ракометар дополнително беше повикан во ростерот на селекторот Јоханесон и очекува да ги добие првите минути на шампионатот токму против нашата репрезентација.