hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шабановиќ го повреди коленото

sabanovic povreda

Атлетико Мадрид дефинитивно нема среќа оваа сезона со голманите. Шпанскиот тим најверојатно ќе остане до крајот на сезоната без Аднан Шабановиќ, кој го повреди коленото во сабота Лигата во Веспрем.

Повеќе...

Македонски или германски противник за Атлетико Мадрид

kire 25 02 2013

Во вторник од 12:30 часот ќе бидат извлечени двојките за осминафиналето на Лигата на шампионите во ракомет. Првата елиминациона фаза ќе биде со веќе познатиот минатогодишен шаблон на извлекување.

Повеќе...

ФОТО: Лазаров ги бодреше Фалкао и другарите

kire atletiko 1

Со оглед на тоа што Талант Душебаев им даде слободен викенд на најголемиот дел од репрезентативците кои го носат дресот на Атлетико Мадрид, Лазаров и другарите знаеа како најдобро да го искористат. Имено неретко секоја слободна прилика нашиот ракометар ја користи за да го посети „Висенте Калдерон„ стадионот во Мадрид, каде што игра фудбалската екипа на Атлетико Мадрид.

Повеќе...

Наумче спортист, а Кире суперспортист на годината според Сител ТВ

kire sportist

Ракометарот на македонската репрезентација и член на РК Металург Наумче Мојсовски го доби признанието најдобар спортист на Македонија за 2012 година во организација на Телевизија Сител. Традиционалната манифестација „Асовите бираат асови" се одржа во неделата во Телевизија Сител, а ова беше 21.во издание на оваа свеченост.

Повеќе...

Веспрем победник во групата, Атлетико на третото место

vesprem - atletico

Веспрем - Атетико Мадрид 26:19 (12:8)

Во меч кој за Атлетико Мадрид немаше голем резултатски значај, Талант Душебаев се определи да патува со само 11 ракометари и тоа без скоро сите најдобри свои адути. Така фаворитот и победникот во групата Веспрем забележа победа за затворање на својот најдобар период во групната фаза, а Атлетико Мадрид како третопласиран ја очекува ждрепката за осминафиналето.

Повеќе...

Атлетико со резервен тим во Унгарија

kire 22 03 2013

Последниот десетти меч во групната фаза на Лигата на шампионите за Атлетико Мадрид ништо не значи. Осигурано е третото место и не постои теорија за подобар пласман на гостувањето кај Веспрем во Унгарија. Затоа тренерот Талант Душебаев одлучи за приоритет да го постави мечот со Грањолерс во Купот наредната среда.

Повеќе...

Лазаров за Дневник: „Посакувам осминафинале со Металург„

kire 21 02 2013

Македонскиот ракометен шампион во машка конкуренција, Металург веќе размислува за осмина-финалето од Лигата на шампионите. Останува уште една пречка пред да се постигне најголемиот клупски успех, второто место во групната фаза од најквалитетното натпреварување.

Повеќе...

Атлетико лесно, Лазаров стандардно со фенерџијата

kire 19 02 2013

Атлетико Мадрид - Палма дел Рио 29:25 (14:10)

Два дена по натпреварот со Савехоф, нова рутинска победа во „Висталегре„ на ракометарите на Атлетико Мадрид, со Кирил Лазаров како најдобар стрелец. Против Палма дел Рио од Кордоба избраниците на Талант Душебаев повторно започнаа со проблеми. Гузман и Вермировски ги постигнаа првите два гола за гостинската екипа.

Повеќе...

ВИДЕО: Лазаров: „Јас сум лош губитник„

kire 18 02 2013

Македонскиот спортски херој Кирил Лазаров деновиве говореше за официјалната веб страна на EHF Лигата на шампионите. ТВ екипа од Виена допатува во Мадрид да разговара со нашата „гол-машина„ и Лазаров како и секогаш изненади со некој нов детал како одличен соговорник. Во клубскиот музеј на Атлетико Мадрид пречекан од неговиот голем пријател Хота Омбрадос, Лазаров говореше на неколку теми.

Повеќе...

Рутинска победа за гаранција за третото место

kire 17 02 2013

Атлетико Мадрид - Савехоф 32:25 (14:11)

Директната пресметка за третото место во групата беше можност, Лазаров и другарите во „Висталегре„ пред 4953 гледачи да му се реваншираат на шведскиот првак за поразот минатата година. Калман и Лазаров од седмерец добро го отворија натпреварот и по стартните 2:2, шпанците постојано имаа водство.

Повеќе...