hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Арнау во стилот на Лазаров за победа на Грањолерс

kire 17 04 gran

Грањолерс - Атлетико Мадрид 26:25 (11:11)

Генералната проба за четвртфиналето на Лигата на шампионите со Барселона беше токму во Каталонија. По куп дуелите, вечерва по четврти пат избраниците на Талант Душебаев играа со Грањолерс оваа сезона и најлошо минаа.

Повеќе...

Следете го хуманиот пример на Лазаров!

kire 17 04 2013

Иако ракометот во Австралија не може да се пробие меѓу врвните спортови, македонците на најдалечниот континент и тоа како ја следат нашата репрезентација и навиваат на сите натпревари во клубскиот ракомет на нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров.

Повеќе...

Официјалната веб страна на Лазаров, кандидат за најдобра за 2012 на Балканот

kire sajt

Оваа година специјализираната веб страна за ракомет „Balkan-handball„ по петти пат ги избира најдобро дизајнираните веб страни од темата ракомет на овие простори. За разлика од минатата година пријавени се нови 11 веб страни кои се номинираат за најдобри во 2012 година по ажурираност, квалитет на дизајн, бројност на информации и други критериуми.

Повеќе...

Лазаров како „нов„ Атлетико блесна по одморот

kire 14 04 2013

Атлетико Мадрид - Хуеска 36:31 (14:14)

По двонеделна пауза заради репрезентативниот термин на ЕХФ, се вратија натпреварите за бодови во ASOBAL лигата. Против Хуеска во Висталегре, Атлетико Мадрид без повредените Гојун, Шабановиќ и Бараше против себе имаше жилав противник.

Повеќе...

Final Four на шпанскиот Куп во Логроњо, наместо во Виго

sportska sala Logrono

Завршниот турнир на 38 издание на Купот на шпанскиот крал во ракомет иако беше предвидено да се игра во Галиција, според шпанската ASOBAL федерација ќе се одржи во Логроњо.

Повеќе...

Гојун не игра со Хуеска, Лазаров неизвесен

kire lazarov 13 04 2013

Атлетико Мадрид со официјално соопштение на својата веб страна информираше како еволуираат повредите на Кирил Лазаров и Јаков Гојун. Двајцата балкански ракометари се вратија со повреди од своите настапи за националните репрезентации.

Повеќе...

Лазаров кандидат за идеалниот тим на Лигата на шампионите

kire 13 04 2013

Во пресрет на четвртфиналните мечеви од Лигата на шампионите EHF ги одреди номинациите за идеалниот тим на најсилното клубско натпреварување во Европа. Така на секоја позиција има по четири номинирани ракометари, а единствен македонец меѓу нив е Кирил Лазаров на позицијата десен бек.

Повеќе...

Лазаров за „Дневник„ најавува како ќе се движи неговата кариера

kire 10 04 2013

Во интервјуто за „Дневник„ капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров открива дека наредниот месец ќе ја знае и ќе ја обелодени својата иднина. Според разговорот тој има три опции каде да ја продолжи својата професионална кариера по завршувањето на сезоната.

Повеќе...

Португалија со пресврт до второто место во групата

rakomet portugal - svajcarija

Квалификации за ЕП - Данска 2014

Португалија - Швајцарија 27:25 (14:14)

По мечевите од четвртото коло од квалификационата група А за пласман на европското првенство, познат е првиот патник од нашата група. Според очекувањата Шпанија на 120 минути пред крајот на групата може да го планира наредниот голем собир. Македонија не зависи сама од себе, а Швајцарија нема ни теоретски шанси, се останатите епилози по двата денешни натпревари.

Повеќе...

Втор блесок во пет дена на „црвената фурија„

mojso so spanija golema

Квалификации за ЕП - Данска 2014

Шпанија - Македонија 29:17 (12:8)

Вториот чин на двомечот на нашата селекција со светскиот првак Шпанија во Гвадалахара беше невозможна мисија за избраниците на Ивица Обрван. Без Ристовски, Марковски и Миркуловски не очекуваше меч во кој треба да го поправиме впечатокот. Кирил Лазаров и покрај болките во препоните и можната операција од хернија, влезе во официјалниот записник, но не одигра ниту минута.

Повеќе...