Македонски или германски противник за Атлетико Мадрид
Во вторник од 12:30 часот ќе бидат извлечени двојките за осминафиналето на Лигата на шампионите во ракомет. Првата елиминациона фаза ќе биде со веќе познатиот минатогодишен шаблон на извлекување. Така Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров како третопласиран во својата група може да се сретне со Флензбург или Фуксе Берлин од Германија или со Металург од Македонија. Првиот меч шпанците ќе го играат во „Висталегре„ во Мадрид, а возвратниот на гостински терен. Осминафиналните мечеви ќе се играат на 13-17 март, а реванш мечевите на 20-24 март.
1 шешир:
Хамбург, Веспрем, Киелце, Барселона
2 шешир:
Флензбург, Кил, Металург, Фуксе Берлин
3 шешир:
Чеховски медведи, Атлетико Мадрид, Горење Велење, Динамо Минск
4 шешир:
Адемар Леон, Пивоварна Цеље, Силкеборг, ПИК Сегедин