Атлетико со резервен тим во Унгарија
Последниот десетти меч во групната фаза на Лигата на шампионите за Атлетико Мадрид ништо не значи. Осигурано е третото место и не постои теорија за подобар пласман на гостувањето кај Веспрем во Унгарија. Затоа тренерот Талант Душебаев одлучи за приоритет да го постави мечот со Грањолерс во Купот наредната среда.
Така сите ракометари кои играа на Светското првенство во јануари ќе добијат одмор, а Атлетико Мадрид ќе патува во Унгарија со само 11 ракометари. Така нашиот Лазаров, Агинагалде, Канељас, Бараше, Балиќ, Дал и Јуркиевич нема да патуваат за Унгарија. Од поодамна е повреден Омбрадос, па шпанците без овие осум ракометари ќе бидат тотален аутсајдер кај лидерот во групата Веспрем. Наредната недела црвено-белите ги очекуваат две далечни гостувања во Каталонија и Галиција.