ВИДЕО: Лазаров: „Јас сум лош губитник„
Македонскиот спортски херој Кирил Лазаров деновиве говореше за официјалната веб страна на EHF Лигата на шампионите. ТВ екипа од Виена допатува во Мадрид да разговара со нашата „гол-машина„ и Лазаров како и секогаш изненади со некој нов детал како одличен соговорник. Во клубскиот музеј на Атлетико Мадрид пречекан од неговиот голем пријател Хота Омбрадос, Лазаров говореше на неколку теми.
„Јас секогаш кога играм сакам да победам. Јас сум лош губитник. Моите голови не се само моја заслуга, туку заслуга на тимот. Последните година или две од мојата кариера сакам да ги завршам во мојата земја и кога ќе дојде време за тоа приоритет му давам на мојот прв професионален клуб во Македонија - Пелистер од Битола. Јас завршив еконимија и менаџмент во Македонија, а се уште сум студент на факултетот за физичка култура во Скопје. Кога ќе ја завршам мојата кариера сакам да останам во спортот.„ вели Лазаров кого од EHF го споредуваат со најголемите фудбалски звезди во Македонија.