Австрија со победа, патува за Хернинг
Репрезентацијата на Австрија, последниот ривал на Македонија во групата во Хернинг забележа победа на последната контрола одиграна вечерва во Кремс. Австрија славеше победа над Египет со 29:27 (14:12). Најефикасен на натпреварот беше Сантош со 8 голови (2 од седмерец). Додека Херман постигна 4. Австрија на подготовките одигра четири натпревари и постигна три победи (минимални) и доживеа еден убедлив пораз.
ФОТО: Ракометарите ќе добијат свои дресови потпишани од фановите
Уште една потврда дека ракометната репрезентација им е при срце на македонските навивачи. Ракометните фанови потпишаа дресови во знак на поддршка на ракометарите во пресрет на Европското првенство во Данска. Повод за овој настан е учеството на македонската репрезентација на континенталниот собир во ракомет што ќе се одржи во Данска од 12 до 26 јануари.
Еден македонец во А и два во Б eкс-ју тимот на ЕУРО
Специјализираниот ракометен портал „Balkan-handball„ спроведе анкета на најдобрите ракометари од четирите бивши југословенски простори, кои обезбедија место на европското првенство во Данска. Со исклучок на Словенија и Б и Х, останатите ракометарите од четирите квалификувани репрезентации учествуваа во изборот. Еден македонец во идеалната седморка и уште една во вториот избран тим, се најдоа меѓу 14 најдобри. Изборот на гласачите во целост се поклопи со мислењето и на спортските новинари.
Лазаров: „Кога играм за Македонија, не се плашам од никого„
Во краткиот разговор за порталот МКД.МК најдобриот македонски стрелец на сите времиња, Кирил Лазаров говореше за тоа што за него значи дресот со државниот дрес и што може да се очекува од оваа македонска репрезентација во Данска:
ФОТО: Бадниковата паричка кај Стојанче Стоилов
Со денешниот заеднички ручек, македонската ракометна репрезентација го одбележа големиот христијански празник Бадник, во чија што традиција спаѓа и традиционалниот бадникот мазник со паричка.
Лазаров: „Меч со голем жар и корисен тест со Србија„
Најдобриот стрелец на средбата со Србија, Кирил Лазаров го вреднуваше овој тест меч како многу корисен во пресрет на тоа што ќе ја очекува репрезентацијата во Данска. Во краткото интервју за весникот „Нова Македонија„ рече:
Втора победа и две повреди на австријците во Дортмунд
Репрезентација на Австрија скапо ја плати втората победа на турнирот на четирите нации во Дортмунд. Повредите на Зиура и Силаги на неполна недела до стартот на европското, се сериозен аларм во таборот на нашиот трет противник во групната фаза. Против Русија како и во квалификациите, австријците играа молскавично, имаа помал број на технички грешки и покажаа дека русите им лежат како противник. На 8 јануари на домашен терен, Австрија против Египет го игра последниот контролен меч пред заминувањето за Данска.
Чесите во фото-финишот подобри од Белорусија
Вториот наш ривал во А групата во Хернинг, чешката репрезентација предводена од Филип Јиха со две победи и еден пораз го заврши турнирот наречен „ Провидент Куп„ во Унгарија. Победата против домаќинот и денес со Белорусија се сериозна опомена дека оваа Чешка е посилна од онаа пред две години, која ја совладавме во Ниш. Благодарение на второто полувреме, Јиха, Хорка, Собол и останатите го потврдија второто место на турнирот, на кој оваа селекција потврди дека може да игра со секого и ако некој ја потцени, може тоа скапо да го плати.
Данците го освоија Париз (2)
Втор меч и втора победа на домаќинот на европското првенство, Данска на златниот турнир во Париз. Против моќната Франција која одамна не загубила на домашен терен, скандинавците водеа во текот на целиот меч и со гол на Ханс Линдберг со звукот на сирената стигнаа до победа, која најверојатно значи освојување на овој силен турнир, кој е подготовка за континенталниот собир.
Победата и турнирот за Србија (2)
Турнир - Македонија 2014
Македонија - Србија 28:30 (15:13)
Во одличен амбиент, македонската репрезентација одлично го отвори мечот со европскиот вицешампион Србија. Посебно инспириран беше Гоце Георгиевски со три брзи гола, Ристовски со две клучни интервенции „диригираше„ со одбраната, а и капитенот Лазаров расположен го почна мечот.