ФОТО: Ракометарите ќе добијат свои дресови потпишани од фановите
Уште една потврда дека ракометната репрезентација им е при срце на македонските навивачи. Ракометните фанови потпишаа дресови во знак на поддршка на ракометарите во пресрет на Европското првенство во Данска. Повод за овој настан е учеството на македонската репрезентација на континенталниот собир во ракомет што ќе се одржи во Данска од 12 до 26 јануари.
На специјалните дресови на нашите репрезентативци се потпишаа многубројни навивачи на репрезентацијата, кои беа присутни во трговскиот центар „Сити мол". На настанот присуствуваа и членовите на репрезентацијата Стојанче Стоилов и Дејан Манасков, кои ги поздравија присутните навивачи заблагодарувајќи им се на поддршката од името на целиот тим. Дресовите со пораките од вистинските навивачи ќе им бидат предадени на репрезентативците непосредно пред нивното заминување за Данска.