Лазаров: „Кога играм за Македонија, не се плашам од никого„
Во краткиот разговор за порталот МКД.МК најдобриот македонски стрелец на сите времиња, Кирил Лазаров говореше за тоа што за него значи дресот со државниот дрес и што може да се очекува од оваа македонска репрезентација во Данска:
„Кога играм во дресот на Македонија не се плашам од никого, па ниту од силниот домаќин. Нема да респектираме никого ЕП, ќе одиграме максимално без разлика која селекција е на другиот крај од теренот. Според мене, ќе пресуди патриотизмот, срцето и желбата за победа. Тоа се клучните фактори кога се игра за репрезентацијата, за разлика од играњето на клупско ниво каде што играме за пари. Свесни сме дека ќе играме за својот народ и тоа е посебно чувство. Добро го одработевме досегашниот дел од подготовките, и сега остануваат нијансите односно тактичките детали да се усовршат до перфекција, бидејќи тие многу ќе одлучуваат на средбите во Данска. Имаме доволно време, шест-седум дена да го завршиме сето тоа" заврши Лазаров.