Нодесбо: „Лазаров може да даде 10 гола од 11 шута„
Соиграчот на Кирил Лазаров од Барселона, Јаспер Нодесбо исклучително го цени Кирил Лазаров и стравува од него за вечерашниот натпревар. За данските медиуми во пресрет на мечот тој изјави: „Одлично ги познавам квалитетите на Лазаров.
Д. Начевски: „Судиите се спремни за турнирот„
Покрај националната репрезентација на Македонија и судискиот пар Николов - Ѓ. Начевски, нашата земја на овој голем ракометен собир ја репрезентира и Драган Начевски кој што е главен делегат на судиите во ЕХФ. Тој за официјалната веб страна на шампионатот потврди дека судиите се спремни за испитот:
ВИДЕО: Ристовски: „Да го лимитираме Хансен на малку голови„
Со компјутерот в рака и внимателна анализа на противничките ракометари го затекнавме Борко Ристовски на неколку часа пред мечот со домаќинот. Со оглед на тоа што офанзивниот арсенал на Данска и без Николај Маркусен е фантастичен, Борко знае дека на овој меч опасноста е од сите страни, најмногу од Хансен:
ВИДЕО: Лазаров: „Голготата не може да поништи добри подготовки„
Не неколку часа пред мечот со Данска во пресрет на репрезентативниот ручек во хотел „Скандик„ во Хернинг, капитенот на македонската репрезентација беше дециден околу дебито на европското првенство:
Германски судии за дебито со Данска
ЕХФ делегираше германски судии за дебитанскиот натпревар од европското првенство. Ларс Геипел и Маркус Хелбиг се делителите на правдата за мечот Данска - Македонија. Делегат на ЕХФ е португалецот Руи Коелхо, а ЕХФ контролор полјакот Марек Зајна.
Со Данска секогаш добро играме, но секогаш губиме
Традицијата на меѓусебни средби со данската репрезентација не ни се насмевнува, иако во трајно сеќавање ни остануваат нашите добри партии со оваа репрезентација. Три пати во последните четири години игравме со црвено-белите, но секогаш нашиот противник излегувал како победник. Два од тие дуели се играа на балканско тло, па можеби овој пат поинаку ќе биде во Скандинавија.
Лазаров за Сител: „Голготата нема да ни служи како алиби„
По голготата од цел еден ден во исчекување на аеродром и пат до Софија, не беше најлесно да се мисли само на ракомет. Но „свртен е нов лист„ и капитенот Лазаров ја опиша најновата неочекувана авантура на националниот тим:
Познати 16 наши ракометари за првата фаза
Селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван се реши со кои 16 ракометари ќе игра во првиот натпревар против Данска.
ФОТО: На македонските репрезентативци судена им е голгота
По 17,18 часа исчекување, напнатост и постојани одлагања, македонската машка ракометна репрезентација, како и целосната експедиција некаде околу полноќ пристигна на Билунд аеродромот во Данска со чартер лет од Софија. Авионот кој требаше да полета во 9 часот изутрина од Скопје, дури во 20:50 од софискиот аеродром без проблеми и со одлична видливост полета за Скандинавија.
Лауге и Егер не играат против Македонија
Домаќинот Данска на мечот од првото коло со Македонија ќе биде без Андерс Егер кој ја загуби трката со времето за настап на стартот од континенталниот ракометен собир.