hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Наџи „го освои„ Мадрид

kire 14 new

Атлетико Мадрид - Веспрем 26:27 (13:15)

Супер засилениот унгарски првак Веспрем со големо шпанско влијание, придонесе „Висталегре„ да биде одлично пополнет, иако далеку од полн. Лазаров се радуваше на средба со неговата бивша екипа, посилна од било кога.Тренерот Ортега и засилувањата од калибарот на Наџи, Чема Родригез и Угалде, ги натераа шпанците максимално да го почитуваат својот противник.

Повеќе...

ВИДЕО: Лазаров и Хрватска - добитна комбинација

kire 1310

Не само што долги години играше во Хрватска и има серија на обожаватели во оваа земја, нашиот најдобар ракометар има неизбришлива врска со оваа земја, па често ја користи како идеална дестинација за одмор со семејството. „Еве веќе трета кога како летувам во Дубровник.

Повеќе...

Атлетико едвај, Лазаров со 6 гола

kire 10102012

Алсер Порто Сагунто - Атлетико Мадрид 29:31 (14:15)

За гостувањето во околината на Валенсија, тренерот на Атлетико Мадрид Талант Душебаев се одлучи да ги одмори Балиќ, Јуркиевич, Гојун, Дал и Агинагалде. Сепак за време на викендот доаѓа силниот Веспрем, па посебно Лазаров против својот бивш клуб и останатите ќе имаат многу потешка задача од вечерва.

Повеќе...

Лазаров во идеалниот тим на второто коло

kire 08 10 2012

Уште едно признание за двократниот најдобар стрелец во Лигата на шампионите Кирил Лазаров. Најдобриот македонски ракометар и членот на Атлетико Мадрид се најде во тимот на колото во Лигата на шампионите. Македонскиот капитен со 8 голови беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим против Пивоварна Лашко Цеље со 28:22 во рамките од второто коло од најквалитетното клубско натпреварување.

Повеќе...

Лазаров го „воскресна„ Атлетико Мадрид

 

556781 222237567894685 388128355 n

Пивоварна Лашко Цеље - Атлетико Мадрид 22:28 (15:13)

По поразот од Кил на стартот од Лигата на шампионите, на Атлетико Мадрид му требаше победа на гостувањето во Словенија за враќање на самодовербата и моралот. Македонскиот ас Кирил Лазаров ја понесе екипата од Шпанија и како и на претходните мечеви, во вториот дел го реши прашањето на победникот

Повеќе...

Со победа над Октавио, заборавен поразот од Кил

kire 02 10 2012

Атлетико Мадрид - Академија Октавио 28:25 (14:17)

Во првиот натпревар од петтото коло на ASOBAL лигата, Атлетико Мадрид како и што не навикна на претходните домашни мечеви, со одлично второ полувреме го совлада наредниот куп ривал, Академија Октавио. Во мирно отворање, мадриѓаните форсираа одбрана 6-0, но гостите рамноправно го одиграа целото прво полувреме. Фраде беше најопасен и со серија на голови во почетната фаза го одржуваше гостинот во егал натпревар.

Повеќе...

Кил го возврати ударот

kire 01 10

Атлетико Мадрид - Кил 27:32 (15:17)

За неполн месец германски Кил му се реваншираше на Атлетико Мадрид за поразот во Доха во финалето на клубскиот мундијал. Европскиот првак авторитетно го започна гостувањето во Шпанија и брзо на стартот се одлепи. Лазаров изворедно го почна надигрувањето со два гола, како одговор на головите на чехот Јиха. Омејер како и секогаш во големите натпревари, изворедно бранеше на стартот, а Нарцис и Јиха донесоа 3:7 уште во 8 минута.

Повеќе...

Лазаров и уште 64 екс-Ју претставници

kire jump

5 клуба и 65 интернационалци низ останатите клубови го претставуват овој дел од Европа. Специјализираниот портал „Балкан-Хендбол„ ја објави комплетната листа на пријавени ракометари од просторите на бивша Југославија.Дека се уште се игра многу квалитетен ракомет на овој дел од континетот, покажува и долгата листа на изворедни инвидуалци. Скоро сигурно некој или некои од овие звезди ќе биде европски првак наредното лето во мај.

Повеќе...

Шампионот уште посилен од лани

kire 28 09 2012

Веќе се одиграа првите натпревари од групната фаза на новата Лига на шампиони. Се почувствува магијата на најквалитетното натпреварување на континентот. Веќе почнаа прогнозите, фаворитите, комбинациите. Скоро во сите се наоѓаа и имињата на Кил и Атлетико Мадрид.

Повеќе...

Освојте дрес од Лазаров со само еден едноставен одговор

kire lazarov508
 
Ново наградно прашање на официјалната веб страна на Кирил Лазаров?

Погодете го точниот одговор и добијте дрес од Лазаров од еден од неговите поранешни клубови?

Повеќе...