Позната сатницата на IHF Супер глобе
Полека се наближува првиот голем предизвик на Атлетико Мадрид и Кирил Лазаров во сезоната 2012/13. Имено организаторот ги објави термините за овогодинешното издание на IHF Супер глобе. Шпанците сите три натпревари во групата ќе ги играат по најраниот термин, како и по средноевропско така и по локално време во Доха. Со оглед на тоа што во Катар временската разлика е само за еден час подоцна од централно европското, љубителите на ракометот ќе можат да се информираат во нормални термини за овој настан.
Понеделник 27.08.2012 (16:00 часот)
Атлетико Мадрид - Ал Јаиш (Катар)
Вторник 28.08.2012 (15:00 часот)
Атлетико Мадрид - Методиста Сан Бернардо (Бразил)
Среда 29.08.2012 (13:00 часот)
Атлетико Мадрид - Замалек (Египет)
Само победникот во групата ќе игра во финалниот натпревар со најуспешната екипа во соседната група.