hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Претставени Бараше, Масач и Ферер

atle prets
 
Од почетокот на оваа недела, Атлетико Мадрид со комплетниот свој ростер се подготвува за првите предизвици во новата сезона: IHF Супер глобе и Суперкупот на Шпанија. Освојувачите на медали на Олимписките игри во Лондон од понеделникот тренираат со Лазаров и сограчите. Денес од 12:30 на стадионот „Висенте Калдерон„ каде беше официјализирано и продолжувањето на договорот на нашиот Лазаров во март, беа претставени Ксавиер Бараше, Јосеп Масач и Алваро Ферер.

„Дојдов во Мадрид да станам европски првак, бидејќи со мојот поранешен клуб Шамбери, никогаш не го минавме четвртфинале„ беше јасен францускиот освојувач на златото од Лондон, истакнувајќи дека е среќен што ќе тренира под водство на легендарниот Талант Душебаев.
„Не чувствувам притисок. Абало е незаменлив, бидејќи е најдобро десно крило во светот, но ќе се обидам да му помогнам на екипата„ беа првите зборови на Масач кој дојде од Арагон.

„Дојдов во најсилната екипа на светот и ова е максимумот што секој ракометар може да го посака„ се претстави бившиот ракометер на Грањолерс и Адемар Леон, Алваро Ферер.
 
medallistas1web 5756

Тројцата по претставувањето позираа на фудбалскиот стадион на Атлетико со своите нови дресови. Бараше го доби дресот со број 19, Ферер ќе ја има 8, а Масач ќе го носи дресот со број 27. Прв пат мадридската публика ќе ги види на 8 септември кога во главниот град се игра Супер-купот на Шпанија помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона. Од денес обелоденета е сатницата - 18:00 часот со ТВ покриеност низ Шпанија и во светот.
Share