Каталонците преку Тулуз патуваат за Доха
По мирниот викенд, ракометарите на Барселона од понеделникот имаат три дена со по двојна тренинг сесија. В четврток на пладне веднаш по утринскиот тренинг екипата на Кирил Лазаров заминува за Франција, каде против Тулуз на бившите ракометари на Барселона, Фернандез, Гонзало и Монторо, Барса ќе одигра пријателски меч на 23 август од 20:30.
Саубич на местото на Рокас
Барселона на официјален начин преку својата интернет страница информираше дека шпанскиот репрезентативец Алберт Рокас ја напушта екипата и заминува во данскиот Колдинг. На прес-конеференција тој ќе ги објасни своите причини за оваа одлука.
Барса во каталонското финале, Лазаров вгради 5 гола
Бордилс - Барселона 23:50 (14:25)
Во дебито на Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ во дресот на Барселона, славната каталонска екипа во обичен тренинг го декласира второлигашот Бордилс со 27 разлика и обезбеди финале на каталонскиот Суперкуп најверојатно против прволигашот Грањолерс (во второто полуфинале оваа екипа е фаворит против второлигашот Есплугес).
Суперкупот со Натурхаус во Ваљадолид
ASOBAL го одреди Ваљадолид за домаќин на мечот од Суперкупот на Шпанија меѓу првакот Барселона и финалистот на Купот на Кралот, Натурхаус Ла Роха. Со оглед на тоа што Атлетико Мадрид кој го освои Купот во сезоната 2012/13, со Кирил Лазаров како протагонист, повеќе не постои, клубот од Логроњо ќе го заземе неговото место.
ВИДЕО: Лазаров: „Ќе се бориме за сите шест титули„
Со последните два дена на Андора, заврши првата фаза од подготовките на ракометарите на Барселона. Тројната тренинг сесија не остави премногу траги врз професионалците, а нашиот Кирил Лазаров говори за тоа како минаа третиот и четвртиот ден и зборуваше и за атмосферата во групата и очекувањата во борбата за сите титули.
ВИДЕО: Колку се забавни тренинзите на Барса?
Напорната програма со три тренинзи дневно, не се чувствува меѓу професионалците на Барселона. Заслуги за тоа имаат и луѓето од стручниот штаб на каталонскиот гигант, кои се трудат да ги направат тренинзи што е можно позабавни и поразновидни.
Лазаров: „Ова е најголем предизвик во мојата кариера„
Каталонскиот новинар специјализиран за ракомет Луис Карлес Перез разговараше со нашиот Кирил Лазаров околу првите денови на македонецот како звезда на славната екипа од Барселона. Среќен, но цврсто на земја, Лазаров говори за првите вибрации во новата средина.
ВИДЕО: Пасквал: „Не очекува Супер Лига на шампиони„
Младиот тренер на шпанскиот освојувач на лигата, ASOBAL Суперкупот и ASOBAL Купот, Хавиер Пасквал се осврна на новото издание на Лигата на шампионите, чии квалификации се на крајот од месец август. Пасквал ги анализираше сите свои противници, а не го заборави ниту Вардар кој преку ноќ стана респектабилна европска екипа, полна со интернационални звезди.
ВИДЕО: Лазаров: „Можеме да трчаме, да имаме фитнес, но ракометот е најважен„
Важна новина во интернетот светот за фановите на шпанскиот ракометен првак Барселона е секојдневниот видеоблог, во кој секој ден некој од ракометарите говори за тоа како минуваат деновите во Андора на базичната фаза на подготовките. Така нашиот Кирил Лазаров директно од неговата хотелска соба ни ги опиша сите детали со вториот ден од подготовките, во кој ракометарите на Пасквал имаа три тренинзи дневно.
ВИДЕО: Лазаров: „Ова беше поинаков ден за мене„
За официјалната веб страна на Барселона, големото засилување Кирил Лазаров го опиша преминот во големиот клуб и првиот ден минат во големата институција наречена Барселона.