ВИДЕО: Суперкуп егзибиција на Барса и Лазаров
Барселона - Натурхаус ла Роха 40:31 (19:12)
Во спектакуларна атмосфера во Ваљадолид, Барселона и Натурхаус Ла Роха за влог го имаа пехарот од ASOBAL Суперкупот на Шпанија. Капитенот на каталонците Виктор Томас со два гола во раната фаза, најави кој е фаворит во оваа пресметка (2:1). Во раната фаза, Барса ја „затвори„ одбраната, а Дани Сармиенто со два гола низ одбраната на екипата од Логроњо го донесе највисокото водство (5:2).
„Powerade„ наградата во рацете на Кирил Лазаров
На почетокот од новата ASOBAL сезона, во предвечерјето на Суперкуп дуелот на Барселона и Натурхаус Ла Роха, беше одржана гала свеченоста во Ваљадолид. На неа македонскиот интренационалец Кирил Лазаров ја прими наградата „Powerade„ за ракометар со најмногу натпревари во сезоната 2012/13 во дресот на мадридски Атлетико (37 меча во сите натпреварувања).
Лазаров: „Два тима во најсилниот Куп е одлично за мак-ракометот„
Иако во главата ја има наредната цел и освојувањето на ASOBAL Суперкупот, Кирил Лазаров во краткото интервју за весникот „Нова Македонија„ се осврна на уникатната можност два пати да гостува во Скопје во натпревари од Лигата на шампионите.
Лазаров и Барса од едно до друго финале
По освојувањето на IHF Супеглоб, ракометарите на Барселона вчера се вратија во Каталонија, имаа само еден слободен ден и веќе од денес започнуваат подготовките за ново финале. Имено наредната сабота во Ваљадолид, првакот Барселона против финалистот на Купот Натурхаус Ла Роха ќе играат за титулата во ASOBAL Суперкупот.
ФОТО: Лазаров со две светски круни со две различни екипи
Мундијалот за клубови како да стана специјалност на најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров. Финалето против Хамбург беше четврто финале во ова натпреварување за капитенот на националната репрезентација. Со Ал Саад и Реновалиа Сиудад Реал ги загуби финалните мечеви со Реновалиа Сиудад Реал и Кил.
34 трофеј во кариерата на македонскиот „бисер„
Трофејот освоен во Доха е 34 во богата ризница на најтрофејниот македонски ракометар. Во своето четврто финале на IHF Суперглоб, 33 годишниот леворак стрелец, стигна до својата втора титула и како и минатата година во светското финале, следеше одмазда за поразот во финалето на Лигата на шампионите. Еве ги сите трофеи во кариерата на Лазаров.
Само небото е граница за Барса и за Лазаров
Барселона - Хамбург 27:25 (15:13)
Скоро три месеци по поразот во финалето на Лигата на шампионите, Барселона во меч со голем влог имаше шанса да му се ревншира на Хамбург и да го освои единствениот трофеј кој недостига во витрините на славниот каталонски клуб. За прв пат откако заминаа од Атлетико Кирил Лазаров и Јоан Канељас се соочија еден против друг, а двајцата во црвено-белиот дрес, слевеа во Доха во ланското финале против Кил.
Четврто светско финале за Лазаров
Првата сезона во кариерата на Кирил Лазаров во Барселона не можеше подобро да започне. По финалето на Каталонскиот супер-куп, леворакиот бомбардер од Македонија по четврти пат во кариерата ќе игра за светската титула и тоа во трет различен дрес. На патот до втората мундијалска титула му стои Хамбург, со кого Барселона ќе игра во големото финале. Еве ги претходните три финалиња на Лазаров:
Европско финале на мундијалот во Доха
Барселона - Ал Џаиш 40:31 (20:14)
За прв пат во својата историја, големата Барселона ќе игра во финалето на мундијалот за клубови во Доха. Победата против катарскиот Ал Џаиш во ниту еден момент не беше доведена во прашање (иако Ал Џаиш имаше одлични моменти во мечот) и за титулата Барселона ќе има можност да му се реваншира на Хамбург за јунскиот пораз по продолженијата во финалето на Final four во Келн.
ФОТО: Лазаров налета на македонци дури и во Доха
Ракометарите на Барселона добија слободна вечер по победата над тунискиот првак Етуал Спортив де Сахел и во меѓувреме Лазаров и другарите ја искористија можноста за релаксација и подоцна вечера во „Кемпински„ хотелот во Доха. А со оглед на тоа што македонци има насекаде низ светот, Лазаров налета на Владимир и Елизабета.