ВИДЕО: Петковски: „За голманите не треба да се грижиме„
Тренерот на голманите Зоран Петковски беше горд на своите пулени на последните два меча, но и генерално на целиот турнир „Македонија не треба да се грижи за својата иднина на голманската позиција.
ФОТО: Селекторот со семејството ја „снима„ Данска
И додека репрезентативците по вечерата во хотелот „Барселона Ренасименто„ или се одмораат или покрај малите екрани го следат скандинавското дерби меѓу Данска и Исланд, селекторот Шундовски не пропушта ни најмал детал.
ВИДЕО: „Мина Божик за вакви подароци„
Селекторот на Русија Олег Кулешов беше бесен и врз своите ракометари и на прес-конференцијата. Не можеше да го скрие разочарувањето по ремито и не говореше многу.
ВИДЕО: Митревски: „Растеме во формата на овој турнир„
Ни малку не е лесно да се влезе во натпревар со 5-6 гола негатива и да се извлече тимот од агонијата. Битолчанецот Николче Митревски со 6 одбрани, не остави во живот и посебно откако го „скина„ зицерот на Горбок им овозможи на соиграчите да играат за реми.
ВИДЕО: Манасков: „Да не беа престапите, можеби и ќе победевме„
На своето прво учество на светските првенства, младото крило Дејан Манасков одигра фантастично второ полувреме, во кое малку недостигаше на своето конто наместо 4 да има 6 гола.
ВИДЕО: Лазаров: „Пак се издигнавме против најаката Русија со која сме играле„
Со 10 постигнати голови нашиот капитен Кирил Лазаров го заборави мечот со Исланд и ја поведе својата репрезентација до голем бод. Еден ракометен џин како Русија (претходно и ЗНД) се уште нема победа против нашиот национален тим „Овој нивни тим е посилен од оној во 1998 година со кого нашата генерација предводена од Пепи Манасков ремизираше.
ВИДЕО: Трилер реми со моќната Русија
23 Светско првенство - Шпанија 2013
Б група (Севиља)
Македонија - Русија 29:29 (13:16)
Неполни 24 часа од поразот со Исланд, требаше да се заборави таа презентација и овој пат во црвени дресови како на стартот со Чиле, нашите ракометари се наполнија со позитивни вибрации за големета Русија.
Само Рутенка со подобра статистика од Лазаров
По три одиграни натпревар Кирил Лазаров е на делба на петтото место на листата на стрелци со 21 гол, но е втор по бројот на поени (голови+асистенции) на целиот турнир.
120 земји го пренесуваат мундијалот
Телевизискиот сигнал од 23 Светското првенство во ракомет во четирите групи можат да се следат во вкупно 120 држави од целиот свет. Директните преноси од мундијалот во нашата земја ги емитува Сител ТВ. Со оваа бројка се заканува рушење на рекордот на телевизиска гледаност, кој го држи првенството во Шведска пред две години.
ВИДЕО: Скаутот на Русија го знае секој детал за Лазаров
На неполн ден до меѓусебниот дуел со Русија, разговаравме со норвежанецот Бјорн Дал, кој се приклучи кон стручниот штаб на Кулешов и со видео камера ги снима сите наредни противници на „зборнаја„ Така по мечот со Исланд кој веројатно синоќа и утринава руските ракометари добро го погледнале скаутот Дал ни изјави: