hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Сладок пораз, кој не води на Германија во осминафиналето

kire 18

23 Светско првенство - Шпанија 2013

Б група (Севиља)

Данска - Македонија 33:30 (13:14)

Втор пат во една година, јануарската пресметка со Данска за нас е витална за понатамошниот тек на првенството. Сепак на загревањето на нашите ракометарите стигна веста за победата на Германија над Франција во А групата, што драстично ги смени нашите планови.Така првите три напади не ги реализираа ни едните, ни другите. Мелгард го отвори резултатот, пред капитенот Лазаров да израмни.

Повеќе...

ВИДЕО: Дресот на Кирил Лазаров нема ниту една цена

tomce so ekipata

Битолската експедиција која со автомобил мина 3700 километри за да ја бодри националната репрезентација тука нема намера да сопре. „Заминуваме за Барселона. На ракометарите им треба нашата подршка„ велат тие.Откако јавно му се заблагодарија на Лазаров за помошта при оваа нивна авантура, ни ја раскажаа и последната нивна анегдота.

Повеќе...

ВИДЕО: Лазаров против Хансен - втор дел

makedonskisport4439naslovna 4439

Спортскиот весник „Македонски спорт„ го најави големиот меч со Данска како дуел на титаните: Микел Хансен против Кирил Лазаров. Кога последен пат во репрезентативниот дрес играа еден против друг, тоа беше спектакуларно.

Повеќе...

„Судиите од Брегот на слоновата коска делегирани за дуелот Македонија - Данска„

sudii za 18

Судиската двојка од Брегот на слоновата коска Јалатима Кулибали и Диабате Мамуду се делегирани од страна на ИХФ да го судат вечерашниот дуел од 5.коло меѓу Македонија и Данска.

Повеќе...

Рутенка, па Лазаров во сите категории

kiremkd

Статистиката по четири одиграни натпревари на сите 24 репрезентации на првенството говори дека Сергеј Рутенка и Кирил Лазаров имаат најдобар инвидуален биланс од сите пријавени ракометари. Двајцата се убедливо први и меѓу стрелците и во групата на поени (голови + асистенции)

Повеќе...

Полска во драма ја доби Србија

nagy1

Убедливиот чекор на репрезентацијата на Хрватска продолжува. Победата над Египет јасно покажува дека тимот на Голужа е еден од главните кандидати за медал. Полска во драматичен финиш со пресврт ја доби Србија, а Словенија и натаму има максимален учинок.

Повеќе...

ВИДЕО: Вака изгледаше коленото на Хансен по мечот, но сепак ќе игра

hansen 1

Нашата камера го забележа десното колено на Микел Хансен по завршувањето на средбата. Иако беше потечено и обложено со мраз после мечот, тој без проблеми го одбработи вчерашниот тренинг и утринава треба пак да се појави на последните 50 минути тактичко подготвување за Македонија.

Повеќе...

ВИДЕО: Јоноски: „Одбраната е спремна за данската „машина„

aco jonoski

Еден од дефанзивните специјалисти во нашиот табор, стружанецот Ацо Јоноски добро го познава денешниот противник и не само од четирите средби кои стручниот штаб гио скаутираше во Севиља, туку и од бившите искуства.

Повеќе...

ВИДЕО: Данците веруваат во натпревар кој нема да биде - Да се биде или не„

danci za 17

Ден пред меѓусебниот натпревар и во данскиот и во македонскиот табор владее спокој. Легендарниот Ларс Кристијансен кој работи како стручен коментатор верува дека дуелот меѓу Хансен и Лазаров може да биде потиснат во втор план заради веќе исполнетите цели на данците.

Повеќе...

Сите репрезентации во Барселона ќе патуваат со воз

voz

Дека Севиља не е најдобро конектирана со летови од скоро сите делови на Европа, научивме уште минатата недела. Дополнителен проблем се климатските услови кои често носат доцнење или одлагање на летовите во овој град заради сеприсутната магла.

Повеќе...