hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го сруши Монпелје и го однесе Нант во финалето на Лига Купот

lazarov liga Kup1

Нант - Монпелје 27:26 (11:12)

Во финалето на Лига Купот на Франција во ракомет ќе играат Нант и Шамбери, а не фаворитите ПСЖ и Монпелје. Најзаслужен за ваквото сценарио е Кирил Лазаров, автор на победеносниот погодок на Нант во дуелот од второто полуфинале против Монпелје. Македонската легенда уште еднаш покажа дека кога најмногу е потребно тој е секогаш подготвен на предизвикот и пак го направи вистинскиот избор. Утре попладне Лазаров ќе се бори за својот прв трофеј во францускиот ракомет.

Повеќе...

Започна продажбата на „Секогаш на победа“ на латиница!

lazarov kniga

Од денес автобиографската книга на Кирил Лазаров - „Секогаш на победа" се наоѓа во продажба и со латинично писмо. Приказната за кариерата на македонската спортска легенда може да се пронајде во Србија, во ДМ по цена од 1.190 динари плус трошоците на доставата.

Повеќе...

Лазаров го скрати списокот за подготовките пред Европското првенство

spisok

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи кои ќе ги започнат подготовките за Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Повеќе...

Супер-дербито за ПСЖ, Нант попушти во драматичниот финиш

nant - psg

Нант - ПСЖ 29:30 (13:12)

Во дуел како од учебниците, со 10.000 гледачи на трибините, пресврти и убави моменти, лидерот ПСЖ го преживеа гостувањето во Нант и извојува победа против ланскиот полуфиналист на Лигата на шампионите и заедно со Монпелје најголемиот конкурент во лигата.

Повеќе...

Нант се загреа за ПСЖ и го декласира Шамбери

нант - шамбери

Нант - Шамбери 38:29 (18:17)

На сличен начин како и претходните ривали, Нант го „скрши" и Шамбери. По израмнетиот прв дел, следеше реакција на почетокот од продолжението и убедлива победа. Лазаров и другарите триумфираа со убедливи 38:29 во дуелот од 13. коло и се зацврстија на второто место на табелата.

Повеќе...

Нант прокоцка победа, Бенфика однесе бод од Франција

nant - benfica

Нант - Бенфика 33:33 (17:16)

По ремито во Данска против ГОГ Гудме пред една недела, екипата на Нант повторно ремизираше во групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Кирил Лазаров и соиграчите не успеаја да ја совладаат Бенфика на домашен терен (33:33), забележувајќи го второто реми во серија во второто по ранг клупско натпреварување во Европа.

Повеќе...

Лазаров го уништи Ним, Нант ја продолжи победничката серија

lazarov nim -nant

Ним - Нант 26:34 (13:15)

Нант влезе во последниот месец од годината во врвна форма и по ремито во Данска во Лига Европа, им се врати на победите во француското првенство. Кирил Лазаров одигра ефикасен натпревар во гостинската победа на Нант кај Ним. Екипата на Алберто Ентрериос триумфално се врати од Ним, каде извојува победа од 26:34 (13:15)

Повеќе...

Лазаров го објави поширокиот список за Европското првенство

spispook

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Европското првенство во Унгарија и Словачка. На списокот се наоѓаат 35 имиња, кои ќе се подготвуваат на крајот на месецот.

Повеќе...

Лазаров погоди „бомба“ пред звукот на сирената и донесе бод за Нант од Данска

gudmekire

ГОГ Гудме - Нант 29:29 (16:14)

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, беше најдобар кога беше најпотребно и со гол во финишот го спаси својот Нант од пораз во натпреварот во Данска од ЕХФ Лига Европа. Нант на гостувањето кај ГОГ Гудме губеше со 29:28 во последната минута, но Лазаров со голот на десет секунди до крајот на натпреварот му донесе реми на својот тим.

Повеќе...

Серијата продолжува: Нант го преслуша и Кретеј во француското првенство

лазаров со кретеј

Нант - Кретеј 30:25 (13:11)

Ако не беше домашниот пораз од Лемго, есенските месеци на Нант ќе беа целосно перфектни. Екипата на Кире Лазаров во рамките од 11. коло на првенството на Франција го надигра Кретеј со 30:25 (13:11).

Повеќе...