Нант прокоцка победа, Бенфика однесе бод од Франција
Нант - Бенфика 33:33 (17:16)
По ремито во Данска против ГОГ Гудме пред една недела, екипата на Нант повторно ремизираше во групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Кирил Лазаров и соиграчите не успеаја да ја совладаат Бенфика на домашен терен (33:33), забележувајќи го второто реми во серија во второто по ранг клупско натпреварување во Европа.
Францускиот претставник на полувреме имаше минимална негатива, па на десетина минути до крајот делуваше сигурно со предност од 31:28, но Бенфика на Чема Родригез се врати во натпреварот и не дозволи пораз во Нант.
Кирил Лазаров постигна еден погодок, а најефикасни беа шпанските крила Ривера со 11 и Балегер со 5 постигнати голови. Кај Бенфика, Морено имал перфектен учинок со 6 голови од исто толку упатени удари кон голот на Нант.
Нант сега падна на третото место во групата со осум бода, а пред него се Бенфика и ГОГ со еден бод повеќе.