Барса - Атлетико во полуфиналето на Купот на Кралот
Големото ривалство помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид ќе доживее нова епизода, бидејќи овие две екипи ќе се сретнат уште во полуфиналето на Кралскиот Куп, кој наредниот петок и сабота ќе се одржи во Логроњо. Тоа е епилогот на денешната ждрепка, која ги соедини овие две екипи во првото полуфиналето, наредниот петок од 19 часот.
По завршувањето на тој меч од 21:30 часот ќе играат домаќинот Натурхаус Ла Роха и Пуерто Сагунто. Победниците наредниот ден на 4 мај ќе играат за големиот трофеј од Купот кој го брани Атлетико Мадрид. По веќе одиграните четири меча (в сабота ќе го играат петтиот) сигурно е дека до крајот на сезоната овие две екипи ќе се сретнат уште два пати, во Купот на 4 и во ASOBAL лигата во Барселона на 11 мај.