hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

В петок ждрепката за полуфиналето на Кралскиот Куп

kire 22042013

Месец мај е месец на големите финалиња. И додека сите со нетрпение ја очекуваат големата четворка во Лигата на шампионите, четири екипи в петок од 13 часот ќе ги дознаат своите противници во полуфиналето на Купот на Кралот, кој на 3 и 4 мај ќе се игра во Логроњо. Нема да има диригирана ждрепка и секој со секого може да се сретне. Полуфиналисти се домаќинот Натурхаус Ла Роха, Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров, Барселона и Пуерто Сагунто. Полуфиналните мечеви се в петок на 3 мај во термините 19:00 и 21:30 часот. Наредниот ден се игра големото финале, а титулата од минатата година од Торевјеха ја брани Атлетико Мадрид.

Share