hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Талант: „Со болки, грчеви и повреди, сепак до победа„

talant so kire

На официјалната прес-конференција по мечот од победничкиот табор не криеа дека завршиле голема работа, но само половина од зацртаната „Ни на сон не очекувавме ваков резултат. Не можам сеуште да сум среќен, ќе бидам само ако оваа победа вреди после реванш мечот. Многу сум благодарен на нашата публика, и посебно на моите ракометари кои со болки, грчеви, повреди кои не принудија да играме со 7-8 играчи, се бореа до самиот крај„ заврши Талант Душебаев.

Заедно со нашиот Лазаров најефикасен во победничката екипа беше Јоан Канељас, кој го издвои овој меч од сите останати: „Го одигравме убедливо нашиот најдобар натпревар во сезоната и тоа ни дозволува да патуваме со добра залиха за Барселона, но сепак не е сеуште дефинитивни. Знаеме дека потребни се само 5 лоши минути во „Палау Блауграна„ за се да расипеме„ рече шпанскиот репрезентативец. Капитенот Хозе Хавиер Омбрадос по средбата на официјалната прес-конференција рече: „Оваа победа е дополнителна мотивација за екипата. Барселона играше како голема екипа, беше многу тежок дуел. Нашата екипа заврши голема работа, како во одбраната, така и во нападот. Јасно е дека пред мечот ќе потпишевме ваков резултат. Но Барса има многу моќен тим и во „Палау„ со нивните навивачи ќе биде многу тешко да обезбедиме пласман во Келн„ изјави највозрасниот на средбата.

Share