hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Омбрадос и Лазаров за +5 пред реваншот

kire 20 04 2013 bar

Атлетико Мадрид - Барселона 25:20 (11:10)

Најголемата арена во главниот град на Шпанија го доживеа најквалитетниот ракометен натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите. Близу 14.000 гледачи во „Висталегре„ дојдоа да ја подржат екипата на Талант Душебаев во мечот на годината. По трите порази во сезоната од Барселона, ракометарите на Атлетико Мадрид свесно му ја препуштија улогата на фаворит на каталонците. По 57 секунди и слаломот на Балиќ на додавање на Лазаров, домашната екипа поведе. Дури во третиот напад Барселона израмни со инвидуалната мајсторија на повратникот Даниел Сармиенто. Уште од стартот на мечот можеше да се насети мотивираноста на Арпад Штербик против бившата екипа. Шпанскиот национален голман направи чудо во 7 минута кога го одбрани цепелинот на Балиќ и Лазаров. Минута подоцна Рутенка му подготви идеална позиција на Сорондо за прво водство на гостите (2:3). Брзо реагираа домаќините и Канељас и Парондо од контра го враќаат водството (4:3). Цврстата одбрана на Душебаев, ги принуди гостите често да играат преку кружниот напаѓач и Сорондо пак добро послужен од Рутенка погоди за 4:4 и исклучување на Агинагалде. Со човек помалку Канељас го постигна вториот гол за ново водство на Атлетико Мадрид. Со првите две одбрани на Омбрадос и магијата на Балиќ, Гарсија Парондо погоди со лева рака од лево крило за прво водство од +2 на домашната екипа. Серијата на домашната екипа ја зголеми Лазаров со гол со скок-шут за 7:4. Играта на фаворитот немаше течност, но со инвидуалности Рутенка и Сармиенто намалија на 7:6. Домашната екипа не реализираше три врзани напади и со својот втор гол Сергеј Рутенка израмни на 7:7 во 18 минута. И покрај одличната одбрана на поставена одбрана, бројот на техничките грешки му „подаде„ рака на шпанскиот првак, па Хуанин Гарсија од контра ја донесе Барса во прво водство (7:8) и го принуди Талант на првиот тајм-аут. Веднаш по одморот Лазаров со својот втор гол израмни, но доби нов удар во коленото за нови грижи на домашната клупа. Дуелите стануваа се пожестоки, па во 21 минута Анхел Монторо беше првиот гостински ракометар кој беше исклучен. Нашиот најдобар ракометар ја превзеде одговорноста и од спротивната страна, погоди за ново домашно водство (9:8). Капитенот на Атлетико, Хота Омбрадос собра пет интервенции, Парондо истрча контра и изнуди седмерец, а Лазаров со четвртиот гол зголеми на 10:8. Мини-серијата на домашната екипа ја комплетира Парондо со третиот гол за 11:8 и 6 минути без гол за екипата на Пасквал. Резонски младиот каталонец побара минута одмор на нешто преку три минути до одморот. Брзо се вратија шампионите на Шпанија и Монторо и Страновски за неполна минута намалија на 11:10. Во последната минута од првиот дел се влезе со исклучувањето на Виран Морос и несватливо промашениот зицар на Гарсија Парондо. Талант Душебаев побара тајм-аут да го подготви последниот напад со човек повеќе. Пак Лазаров подготви идеална позиција за Парондо, но Штербик одбрани, како и на две секунди пред одморот, кога биеше Канељас. Атомско прво полувреме со малку технички грешки, една одбрана повеќе на Штербик од Омбрадос и еден гол предност за Кире и другарите.

Вториот дел започна со два гола на Канељас во 33 минута од мечот за 13:10 за Атлетико Мадрид. Рутенка дури во петтата минута од вториот дел погоди за Барса, но вистински екипата на Пасквал во игра ја одржуваше Штербик. Уште една негова интервенција подготви полуконтра за белорусинот Рутенка за 13:12. Прв границата од пет гола ја проби Канељас со ефектен гол низ зоната на гостите за +2 за Атлетико. Балиќ и Лазаров со лоб од седмерец, за прв пат донесе 4 разлика за домашната екипа и минута одмор на Пасквал. Инвенцијата на Рутенка и упорната игра преку робусните пивотмени, донесе гол на Сорондо за прекин на серијата на Атлетико (16:13). Грешката на Ивано Балиќ му понуди лесен гол од контра на Гарсија, пред пак Лазаров да погоди од седмерец, овој пат кога наспроти себе го имаше Шариќ. И повторно домашната екипа го лимитираше фаворитот и имаше напад со човеќе повеќе (исклучен Гарсија) за +4, но брзоплетно погреши Агинагалде и на спротивната страна Рутенка од седмерец намали на -2. И среќата ги напушти домаќините и по пречката на Лазаров, Рутенка со шестиот гол спушти на 17:16 за домашната екипа. Скоро сите акции на гостите одеа преку семоќниот Рутенка, кој изнуди исклучување на Јуркиевич, точно на половина од вториот дел. Калман и Дејвис ја „вратија летвичката„ на +3, но Штербик имаше свои сметки и одбрани зицер, по кој неговиот капитен Виктор Томас намали на 19:17. Но и Омбрадос во 41 година од животот пронајде инспирација за нови две интервенции со кои се влезе во последните 10 минути од мечот. Парондо брзо го искористи исклучувањето на Томас и на асистенција на Лазаров пак зголеми на +4. Душебаев побара тајм-аут по кој Канељас со шестиот гол, донесе прв пат 5 разлика за домашната екипа. Паника ги фати гостите и кога Балиќ во 55 минута погоди за 23:17, Пасквал го побара вториот тајм-аут. Екстаза во „Висталегре„ предизвика одбранбениот седмерец на Омбрадос по ударот на Сергеј Рутенка. Но Калман заработи исклучување и Страновски намали на 23:18, а Раул Ентрериос погоди во празниот гол кога Талант одлучи да игра со Дејвис во поле и без голман. Ивано Балиќ ја врати насмевката кај домашната армија навивачи и со четвртиот гол зголеми на 24:19. Рокас од седмерец го постигна 20 гол на Барса и во последната минута се влезе со +4 за Атлетико Мадрид. Со цепелинот на Јуркиевич со човек помалку и под закана на пасивен напад, екипата на Душебаев зголеми на 25:20. Во последниот напад во мечот Сармиенто изнуди седмерец, но Омбрадос пак се надмина себе си и го одбрани ударот на Рокас за финални 25:20. Одлична залиха и награда на стратегијата на Душебаев, на „камената„ одбрана на црвено-белите, на лидерството на големите другари Омбрадос и Лазаров, на најдобрата партија на Ивано Балиќ во Лигата на шампионите и на уште серија на детали кои заслужено ја донесоа победата кај домашната екипа.

Во домашната екипа Лазаров погоди 6 пати како и Канељас, а Омбрадос собра 11 интервенции. Кај каталонците Штербик солиден со 10 одбрани, Рутенка позитивен со 6 гола, но Атлетико ја спушти каталонската машина на само 20 гола. Најдобра партија на екипата на Душебаев во сезоната, кога најмногу требаше. Лазаров потврди дека е лидер во оваа моќна екипа и покрај серијата на повреди лавовски стегна заби да ја поведе својата екипа до битна предност. Можеби германската Бундеслига е најсилна на континентот, но ова ривалство и ова ниво на квалитет ретко се гледа на друго место освен во шпанското ракометно „класико„. Патникот во полуфиналето ќе биде познат наредната сабота во „Палау Блауграна„ во Барселона по возвратниот натпревар.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share