hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за АС: „Можеме да изненадиме„

kire 20 04

Во краткиот разговор за Диарио АС од Мадрид пред мечот со Барселона, македонскиот ракометен репрезенативец Кирил Лазаров го најави двомечот со каталонците:

„Знаеме колку е важен овој меч, но што и да се случи одлуката ќе падне наредната сабота. Ние сакаме да ги изненадиме, бидејќи Барселона е голем фаворит. Оваа сезона не победија на три средби и не можам категорички да кажам дека ќе ги победиме. Со нашите навивачи можеме до триумф, но мора да бидеме со ладни глави, исто така еуфоријата може и да ни наштети. Цела сезона играме со дисконтинуитет, ни недостигаат и Гојун и Бараше, но кога ќе излезеш на теренот се се заборава. Барселона ги има најдобрите голмани во светот и играат одлична одбрана, што дава дополнителна сигурност кај голманите„ заклучи Лазаров.

Share