hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Томас: „Атлетико е поинаков после Берлин„

victor tomas

Брзоногото крило на шпанската репрезентација и првакот на оваа земја Барселона, Виктор Томас со многу претпазливост го најавува двомечот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Тој ја прифаќа улогата на фаворит, но опоменува:

„Добро, можеби ние сме фаворити заради тоа што го направивме во сезоната, но Атлетико Мадрид е голема екипа и не е истиот тим пред и по натпреварот во Берлин. Затоа мораме сериозно да влеземе во двете средби и да ги добиеме двете за пласманот на FINAL FOUR„ рече Томас. Првиот меч веќе в сабота ќе ни даде одговор дали мадриѓаните ги научиле лекциите од досегашните три порази оваа сезона во меѓусебните средби. Досега Атлетико Мадрид и Барселона никогаш не играле меѓу себе во меч од Лигата на шампионите и она што е сигурно е дека четврта година по ред откако најдобрите четири екипи играат во Келн, ќе има шпански претставник во борба за европската титула.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Share