hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Продадени 9.000 билети за мечот на годината

kire 18 04 2013

Веќе со недели по ждрепката за четвртфиналето на Лигата на шампионите во таборот на Атлетико Мадрид, но и на целата шпанска ракометна јавност се зборува само за шпанскиот двомеч за FINAL FOUR. Со оглед на тоа што само прашање на време е кога Барселона и математички ќе ја потврди титулата првак на Шпанија, дуелите во Лигата на шампионите се тие кои го насочуваат интересот на крајот на април.

Од Атлетико Мадрид објавија дека се продадени 9.000 билети за првиот меч в сабота од 19:00 часот во „Вистелегре„ Исто така ги известија своите „фанови„ дека вратите на најголемиот ракометен објект во главниот град на Шпанија ќе бидат отворени од 17:30. За овој голем меч на официјалната страна на клубот беше лансирано видео на кое Агинагалде, Омбрадос и Балиќ ги повикуваат навивачите да им дадат подршка на европските вицешампиони. Иако против себе имаат дрим-тим и екипа која три пати оваа сезона ги совлада, во Мадрид веруваат дека по Берлин и голот на Лазаров повеќе ништо не е исто во црвено-белиот табор на Душебаев.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share