hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Арнау во стилот на Лазаров за победа на Грањолерс

kire 17 04 gran

Грањолерс - Атлетико Мадрид 26:25 (11:11)

Генералната проба за четвртфиналето на Лигата на шампионите со Барселона беше токму во Каталонија. По куп дуелите, вечерва по четврти пат избраниците на Талант Душебаев играа со Грањолерс оваа сезона и најлошо минаа. Давид Ресина и Раул Кампос брзо го отворија резултатот во полза на домашната екипа (2:0). По првите три нереализирани напади Канељас и Гарсија Парондо израмнуваат на 3:3 во 9 минута. На половина полувреме првиот гол го постигна и нашиот Кирил Лазаров за да намали на 5:4 за Грањолерс.

Мотивираната каталонска екипа прави нова мини-серија и во половина минута Муњоз и Салинас го одлепуваат домашниот тим до 7:4. Следат два идентични гола на Канељас и седмерец на Лазаров и Атлетико Мадрид израмнува на 8:8 во 25минута. Играта на блесоци продолжи и им дојде ред на домаќините. Два врзани гола на Муњоз од левата надворешна линија на Грањолерс пак му донесоа +2 на екипата која играше пред сопствената публика. Алваро Ферер погоди за израмнување, а пак Лазаров реализираше казнен удар за прво водство на Атлетико Мадрид (10:11). Првиот дел го заокружи Арнау Гарсија Барсело со гол на 31 секунда до крајот за нерешен исход на полувреме .
Вториот гол го отвори убавата асистенција на Балиќ за гол на Калман за 11:12. Норвешкиот голман Дал нанижа неколку добри интервенции и кога Парондо не реализира седмерец, следеше новиот позитивен период на Грањолерс. Марк Гарсија пак ги доведе домашните ракометари во водство од 14:13, пред Парондо својата одлична вечер да ја продолжи со гол од крилна позиција за нов егал (14:14).

Мечот влезе во период гол за гол, па во 40 минута Атлетико со брза контра лансирана од Канељас, дојде до водство со нов гол на Парондо. Во релативно коректен натпревар, бројот на исклучувања се зголеми во вториот дел. Така Балиќ мораше две минути на клупата во 42 минута. Во моментите на криза со човек помалку, Лазаров го постигнува својот четврт гол за 17:18. Извесно беше дека до крајот на мечот секој напад ќе биде значаен и дека до последните минути ќе владее неизвесност околу победникот. Со првиот гол на Масач во 47 минута пак поведе екипата од главниот град, пред чилеанецот Салинас пак да израмни и да постигне гол за водство (21:20). Но Лазаров веќе во наредниот напад со ефектен скок-шут донесе 14 изедначување во мечот (21:21).

Но останатите шутери на Атлетико Мадрид беа сопрени и Маласинскас со два гола на 8 минути до крајот го доведува Грањолерс во водство од 23:21. Шестиот гол на Лазаров, овој пат од седум метри, го доближи тимот на Душебаев до -1, а кога Мигел Санчез погоди за 23:23, следеше домашен тајм-аут. Со десетиот гол на Салинас од седмерец, Грањолерс на 5 минути со крајот го врати водството на Грањолерс. Но искусната екипа од Мадрид се одбрани во два последователни напади и Канељас и Калман погодија за водство на гостите (24:25). Арнау Барсело израмни на две и пол минути до крајот, но потоа настана период од две минути без гол на двете страни. Во последната минута се влезе со тајм-аут за да се избистрат мислите пред последниот напад. Јонас Калман заработи исклучување и на три секунди до крајот во стилот на нашиот Лазаров, Арнау Барсело преку блокот го изненади младиот Диез и погоди за прва победа во четвртиот меч оваа сезона на Грањолерс над Атлетико Мадрид.

Чилеанецот Салинас со 10 гола најефикасен во победничката екипа, Арнау Барсело додаде уште 4, а голманот Гонзало собра 15 интервенции. Кај Атлетико Мадрид Лазаров најефикасен со 6 гола, колку што постигна и Јоан Канељас. По оваа средба на Лазаров и другарите им преостануваат неколку дена да го подготват првиот дел од мечот на година со Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share