hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Следете го хуманиот пример на Лазаров!

kire 17 04 2013

Иако ракометот во Австралија не може да се пробие меѓу врвните спортови, македонците на најдалечниот континент и тоа како ја следат нашата репрезентација и навиваат на сите натпревари во клубскиот ракомет на нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров. Од Австралија добиваме и многу писма, комплименти, честитки. Деновиве ни се обрати Македонската хуманитарна организација Св. Архангел Гаврил од Сиднеј Австралија. Причината е хуманитарната вечера која ќе се одржи на 11 мај во просториите на фудбалскиот клуб Илинден во Сиднеј. Вечерата има за цел да се соберат што е можно повеќе средства кои ќе бидат наменети за помош на три лица.

За Горан Здравков од Велес, чија здравствена состојба се влошува секојдневно по боледувањето од мултипле склероза. Единствена надеж за него е третман во С А Д. За Ива Ивановска од Скопје на која и е потребна операција на нозете за да почне да оди и да ја победи церебралната парализа. И за Наташа Николовска од Прилеп која боледува од епилепсија и церебрална парализа. Нејзе и се потребни 1000 евра месечно за таблети. Како и многу наши луѓе кои веднаш излегоа во пресрет, така и Лазаров се одзва на барањето на организаторот. Имено за македонците во Австралија веќе е испратен црвено-жолт дрес со број 7 на нашата национална репрезентација, кој ќе оди на аукција на хуманитарната вечера, а сите средства ќе ги добијат овие три лица. На аукцијата исто така предвидено е наддавање за уште многу оргинални нешта. Нашата порака е сите кои се во можност да помогнат да го следат примерот на Лазаров и на многу македонци во татковината и во Австралија кои реагираа на оваа хуманитарна акција.

Повеќе за целиот проект ќе најдете на официјалната веб страница на Македонската хуманитарна организација: www.svarhgavril.com
Адресата на организацијата на која можете исто така да ги испратите вашите предлози и помош е 5/34 Connemarra st, 2207 Bexley, Sydney, Australia - Влатко Неделковски (благајник на хуманитарната организација)

Share