hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров како „нов„ Атлетико блесна по одморот

kire 14 04 2013

Атлетико Мадрид - Хуеска 36:31 (14:14)

По двонеделна пауза заради репрезентативниот термин на ЕХФ, се вратија натпреварите за бодови во ASOBAL лигата. Против Хуеска во Висталегре, Атлетико Мадрид без повредените Гојун, Шабановиќ и Бараше против себе имаше жилав противник.

Младиот Антонио Диез застана на голот на домашната екипа и имаше неколку добри интервенции. Но и Коралес на спротивната страна влезе расположено и по 6 минути резултатот гласеше само 2:1 за Атлетико Мадрид. Но набрзо следуваше цврстина во одбраната само на домашната екипа и Канељас и Парондо по 10 минути игра носат 5:1 за Атлетико Мадрид. Гостите по 4 минути без гол преку Елу Гонзалез намалија, но Лазаров брзо возврати (6:2) Повредата на нашиот ракометар како да беше минато и брзо додаде уште два гола на своето конто, но и Хуеска имаше свои адути. Алваро Руис и Жерар Деспигол намалуваат на 9:8 во 21 минута. Но веднаш Лазаров од седмерец со својот четврт гол зголеми на +2. Голманот на Хуеска Коралес брзо стигна до 10 одбрани и го одржуваше својот тим во резултатска близина. Во релативно мирниот и коректен натпревар Јонас Калман го заработи првото домашно исклучување на 8 минути до одморот. Елу Гонзалез брзо реализираше, но и во таков дефицит, екипата на Душебаев подготви зицер за Дејвис кој изнуди седмерец, а Лазаров со петтиот гол донесе 13:10. Со удар од дистанца Марко Ескибрано погоди за 13:11 во 28 минута. Гостите дури имаа и напад за -1, но пресече Балиќ и подготви контра за шести гол на Лазаров (14:11). Алваро Руиз низ домашната одбрана веднаш намалува на -2, а во наредниот напад гол и на Деспигол за 14:13. Мини-серијата на гостите заврши со гол на Елу Гонзалез за нерешен исход на полувреме (14:14)

Почетокот на второто полувреме како и многу често оваа сезона ги врати работите на свое место. Лазаров и Канељас погодија во серија, им се приклучи и Агинагалде и со период од 5:0, домашната екипа мечот го донесе во мирни води (19:14). Еспигол по скоро 6 минути во вториот дел го постигна првиот гол за Хуеска во продолжението. Кога погоди и Парондо од позиција на крило во 39 минута, гостинската клупа побара тајм-аут при 22:17. Но и по 60 секунди одмор, инерцијата на мечот беше на страната на Атлетико Мадрид. Нови голови на Агинагалде и Парондо и највисоки 24:18 во 40 минута од мечот. Во мечот одлично се вклопи и опоравениот Ферер и со вториот гол во 42 минута носи спокој за 25:19. Следуваа три врзани гола на Парондо за домашната екипа и прв пат +8 на половина од вториот дел (27:19). Деспигол од 10 метри го прекина налетот на Атлетико Мадрид но можеше да се забележи дека мечот е одлучен. Истиот ракометар од чекор погоди и по 21 пат за гостите, но и Кирил Лазаров имаше свои сметки. Со уште два гола во свој препознатлив стил (скок-шут и гол после одземена топка од Дејвис) стигна до бројката 9 гола и по втор пат предноста на момците на Душебаев беше +8 (31:23). Со ефектен гол Карлос Грау Кузак намали на 31:24, а до крајот на средбата останаа уште 10 минути. Младиот голман Антонио Диез ја искористи укажаната доверба и дојде до 13 одбрана, по која Дејвис за прв пат донесе 9 голови предност (33:24). На „бомбата„ на Саубич, одговори Ферер со третиот гол за 34:27 на почетокот на 55 минута. За жал во еден мирен натпревар на 4 минути до крајот се повреди Маркос Мира од Хуеска и мораше да го напушти натпреварот. Во неполни 30 секунди следуваа головите на Ангел Ромеро за домаќините и Еспигол за гостите (35:29). Финални 36:31 за Атлетико Мадрид во меч кој послужи за доближување до мечевите на годината со Барселона во преостанатиот дел од април и почетокот на месец мај. Рутинска победа на Атлетико Мадрид и само уште еден тест со Грањолерс пред големиот двомеч од Лигата на шампионите со каталонците. Кирил Лазаров кај кого не се осети ниту малку повредата со 9 гола најефикасен на средбата. Веднаш зад него кај Атлетико Мадрид се издвоија Парондо со 8 и Ромеро со 6 гола, а кај Хуеска Еспигол постигна 7 гола, а Коралес како и Диез собра 13 интервенции.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share