hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за „Дневник„ најавува како ќе се движи неговата кариера

kire 10 04 2013

Во интервјуто за „Дневник„ капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров открива дека наредниот месец ќе ја знае и ќе ја обелодени својата иднина. Според разговорот тој има три опции каде да ја продолжи својата професионална кариера по завршувањето на сезоната. Репрезентативниот капитен, како една од можните дестинации во својата ракометна иднина го има и враќање во Македонија.

Лазаров има уште една година договорна обврска со екипата на шпанскиот Атлетико Мадрид, но постои можност да добие исписница и да замине предвреме ако не се согласи со драстично намалување на примањата, поради намалениот буџет на клубот. Откако мадридскиот тим соопшти дека ќе го намали буџетот, некои играчи веќе најавија заминување. Неодамна исписница доби Данецот Николај Маркусен и веднаш замина за Kатар. Името на македонскиот капитен почна да се поврзува со можни трансфери во Германија (Хамбург и Берлин), во Полска, Белорусија, па дури и во Македонија.

„Има три опции за кои ќе размислувам. Првата е да останам во клубот каде што повторно ќе бидам во самиот ракометен крем и ќе се борам за титули, но со намалени примања според договорот. Втората е да прифатам некоја понуда од новите клубови што се појавија како можни дестинации, каде што ќе имам добри примања, но клубот нема да има големи амбиции и третата варијанта која може да избие и во втор план, е враќање во Македонија во некој клуб, зашто такво нешто постои и има првични разговори на оваа тема„ вели Kирил Лазаров. Kаде ќе ја продолжи кариерата ќе се знае на почетокот на мај, откако ќе завршат четвртфиналните мечеви од Лигата на шампионите и од кралскиот куп во Шпанија. Таму противник на Атлетико Мадрид ќе му биде Барселона. Во последниве две сезони Барселона е подобра во меѓусебните дуели од Атлетико.

„Замолени сме барем засега да не откриваме какви ни се плановите. Сакаме да завршат овие важни натпревари и да бидеме целосно фокусирани на натпреварите. Преселбите да ги одложиме за кус период. Имам менаџер кој ги разгледува сите понуди, па заедно ќе решиме каде е најдобро да продолжам во иднина„ вели Лазаров. Леворакиот бомбардер не ја исклучува можноста да остане во сегашниот клуб Атлетико. Се ќе зависи од амбициите на Атлетико, кој се соочува со финансиски тешкотии. „Точно е дека Атлетико е во криза, но засега сите обврски кон играчите се исполнуваат навреме. Најавено е дека в година буџетот ќе биде драстично намален. Останува да се види и да се разговара дали и колку ќе треба да се согласиме на намалување на примањата и колку квалитетни играчи ќе може клубот да плаќа. Не е исклучена можноста да останам во Мадрид„ додава Лазаров.

„Има заинтересирани клубови и од Македонија. Разговарав, но засега не би откривал ништо за ваквите планови„ возвраќа Лазаров. Во својата кариера Лазаров има настапувано за Загреб и за Веспрем, а последниве сезони игра во Атлетико Мадрид (Сиудад Реал).

Share