hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Португалија со пресврт до второто место во групата

rakomet portugal - svajcarija

Квалификации за ЕП - Данска 2014

Португалија - Швајцарија 27:25 (14:14)

По мечевите од четвртото коло од квалификационата група А за пласман на европското првенство, познат е првиот патник од нашата група. Според очекувањата Шпанија на 120 минути пред крајот на групата може да го планира наредниот голем собир. Македонија не зависи сама од себе, а Швајцарија нема ни теоретски шанси, се останатите епилози по двата денешни натпревари. Португалија во меч со пресврти успеа да ја совладаат Швајцарија со 27:25 и со тоа се задржа на второто место на табелата во квалификациите за ЕП 2014, зад фаворитот Шпанија. Португалците се најдоа во крајно незавидна ситуација кога кон средината на второто полувреме се најдоа во негатива од четири гола, но во вистински момент ја стегнаа одбраната и направија целосен пресврт и поведоа со 25:24. Швајцарците израмнија на 25:25, но црвено-зелените веќе во налет и препознатлив ритам, успеаја да стигнат до толку посакуваниот триумф. По овој расплет Македонија не зависи сама од себе во последните два натпревари, туку помош ќе побара од веќе квалификуваната Шпанија која во јуни гостува во Португалија. Пораз на светскиот првак ќе ги направи нашите обиди за победи во преостанатите два меча беззначајни. Постојат две варијанти за наша квалификација во Данска. Во случај Шпанија очекувано да ја совлада Португалија, ние со две победи ќе го браниме петтото место од ЕП во Србија 2012. Во таа варијанта и реми во Цирих не остава со шанси за континентален собир, но тогаш потребна ќе ни биде победа од повеќе од 7 гола разлика над Португалија. Сите комбинации ќе бидат појасни по јунските средби Швајцарија - Македонија и Португалија - Шпанија.

Табела:

1. Шпанија  8
2. Португалија  5
3. Македонија 2
4. Швајцарија 1

Share