hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Втор блесок во пет дена на „црвената фурија„

mojso so spanija golema

Квалификации за ЕП - Данска 2014

Шпанија - Македонија 29:17 (12:8)

Вториот чин на двомечот на нашата селекција со светскиот првак Шпанија во Гвадалахара беше невозможна мисија за избраниците на Ивица Обрван. Без Ристовски, Марковски и Миркуловски не очекуваше меч во кој треба да го поправиме впечатокот. Кирил Лазаров и покрај болките во препоните и можната операција од хернија, влезе во официјалниот записник, но не одигра ниту минута.

Нашата игра во двете фази беше многу подобра одколку во средата во Скопје. Македа го отвори резултатот, пред брзо потоа Темелков да реплицира. На голот на шпанците застана Сиера од ПСЖ, а нашата мрежа ја чуваше и тоа многу добро Николче Митревски. Инерцијата на мечот одеше со минималец за „фуријата„ и игра која не наликуваше на онаа од првиот натпревар. Томас од позиција на десен бек и синот на селекторот Ривера погодија за прво одлепување на домашната селекција (5:2) Во нашиот табор без Лазаров и Миркуловски недостигаше идејата во нападот, но по некој изолиран удар успевавме да останеме во мечот. Така Мајнов погоди за прв пат по враќањетово репрезентацијата, Мојсоски реализира седмерец, Ојлески го искористи додавањето на Стоилов и се доближивме во 8:7 во 20 минута. Тогаш домашниот селектор Валерио Ривера побара тајм-аут. Реакцијата на светскиот првак беше видлива и очекувана. Македа и Ривера профитираа од исклучивањето на Јоноски и зголемија на +3. Можеше да биде и поубедливо доколку Митревски не „скинеше„ неколку зицери, а и Ривера не го совлада Ангелов од линијата од седум метри. Така по првите 30 минути солидно надигрување, Македонија беше со заостанување од 4 гола зад моќната Шпанија. Имавме 5 технички грешки, двојно повеќе од мечот во Скопје.

Вториот дел започна со „рафал„ и гол од контра на Македа за највисоки +6. Како и на почетокот на првиот дел Темелков погоди од одпадок за 14:9 во 34 минута. Шпанците репрезентативци кои играат во Франција, Баена и Македа расположени го почнаа вториот дел и со два гола донесоа 16:10 во 37 минута. Два неодговорени гола на Наумче Мојсоски и на Левов не спуштија до -4. Но веднаш светскиот првак додаде „гас„ и Ривера и атрактивно Виран Морос во 41 минута зголемуваат на 18:12. Кога Томас пресече контра и го постигна својот втор гол, шпанците имаа највисоки 7 разлика и на тоа Обрван реагираше со тајм-аут. Светскиот првак ја зацврсти играта во одбрана и како резултат на тоа 5 минути останавме без постигнат гол. Ракометарите на Барселона, Томас и Ентрериос го одлучија победникот кога со уште два гола на половина од вториот дел ја направија разликата двоцифрена (22:12). Ојлески ја прекина нашата црна серија со гол од крилна позиција за -9. Ангелов застана на нашиот гол, а Ојлески добро ја искористи својата минутажа и постигна уште еден гол за 24:14 во 53 минута. Гоце Георгиевски само што влезе во игра погоди од контранапад за 25:15, но брзо возврати Ривера кој делуваше супер мотивирано. Во финалните 5 минути ревија на голови на Марковски и Монторо за 28:16. Кузмановски го постигна нашиот последен гол во мечот, а Ривера со гол од казнен удар со звукот на сирената ги постави финалните 29:17. Многу поквалитетната екипа на Шпанија прокнижи нови бодови во нашата група, а нам ни останува надеж дека оваа иста Шпанија ќе ја видиме и во двомечот со Португалија.

Следува репрезентативна пауза до средината на јуни, кога во можеби клучниот натпревар му гостуваме на Швајцарија во Цирих. До тогаш очекуваме консолидација, залечување на повредите и прва победа на националниот тим под новиот селектор Ивица Обрван.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го поглднете ТУКА:

Share