hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Репрезентативците пристигнаа во Шпанија

kire strebik

Со лет Скопје-Истанбул-Мадрид македонската ракометна репрезентација пристигна во Шпанија, конкретно во Гвадалахара, каде в недела ќе го одигра четвртиот натпревар во квалификациите за ЕП во Данска. Против светскиот првак кој во средата демонстрираше сила, селекторот Обрван поведе нешто поинаков ростер на ракометари. Во Скопје остана Борко Ристовски, а на негово место повикан е Николче Митревски. Повредата на Миркуловски не е наивна и бара 3-4 недели пауза и место него ќе настапи Бранко Ангеловски. Мечот со „црвената фурија„ беше кобен и за Недановски кој заработи мускулна повреда и за Велко Марковски кој исто така ќе го пропушти мечот со избраниците на Ривера. Кирил Лазаров и покрај повредата одпатува за Шпанија, а дополнително ќе биде утврдено дали ќе настапи или не. Два тренинга ќе го доближат нашиот национален тим до мечот, кој се игра во невообичен термин, в недела од 12:30 часот.

Share