hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Реми со Сент Гален за ведрина во македонскиот табор

svajcarija - portugal

Квалификации за ЕП - Данска 2014

Швајцарија - Португалија 26:26 (13:15)

Конечно нешто попозитивна вест за македонскиот национален тим. Репрезентацијата на Португалија, која е наш директен конкурент за второто место во групата, одигра нерешено 26:26 во Швајцарија во третиот свој официјален натпревар. Португалците вечерва во Сент Гален испуштија шанса за победа против Швајцарија, бидејќи имаа предност од 26:24 во финишот на натпреварот на 120 секунди до крајот. На полувремето Португалија исто така водеше со 15:13. Најефикасен на натпреварот беше швајцарецот Андре Шмит со 7 голови, додека кај португалците со 6 голови најпрецизен беше Карлос Карнеиро.

1 група

Табела:

1. Шпанија 6
2. Португалија 3
3. Македонија 2
4. Швајцарија 1

Share